verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Разблажен пример на „жанрот“ наречен „распнувачко новинарство“

on 28 - 01 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

23-0987-09800-098-crop-resize

 

[Рецензија: Опозициските експоненти сами признаваат дека СДСМ има еден куп медиуми и партиски новинари]

 

Наменски спинувано четиво за задоволување нечии „ниски политичко-медиумски“ страсти. Се користи текст објавен на друг портал (нема да навлегуваме во тоа каков и со каков квалитет), кој се зема како главен извор за некаква си „поткрепа“ дека „опозицијата контролира цела низа медиуми“. За ваквото тврдење навистина да биде издржано, сепак, треба многу повеќе од колумна чиј автор, кој, пак, да бидеме искрени, е познат по сензационализам и неретко практикува жолто новинарство, пишува дека за состојбата во земјата виновни се не само опозициските лидери, туку и „опозициските пера“.

2Линк до оригиналниот напис: Опозициските експоненти сами признаваат дека СДСМ има еден куп медиуми и партиски новинари

Датум и време на објавување: 23.01.2015, 10:44

Датум на рецензирање: 27.01.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

ОЗБОРУВАЧКА НАМЕСТО ИНФОРМАТИВНА КОМПОНЕНТА

Ќе повторам дека нема потреба од анализа на новинарскиот стаж и багаж на човекот чиј текст се зема како главен, и тоа како ептен релевантен аргумент за тезата за постоење „опозициски пера“ и со тоа нивно понатамошно дисквалифицирање во конкретниот текст што го рецензираме.

Разочараноста на еден поединец во опозициското дејствување и неговото редење новинари како дел од опозициска лепеза, е апсолутно некредибилен извор на информации за потврдување на основната водилка на рецензираниов текст, според кој „Опозициските експоненти сами признаваат дека СДСМ има еден куп медиуми и партиски новинари“. Чекајте, како може една колумна, жанр во кој се изнесуваат сопствени мислења, да биде еден и единствен извор?! Во „нормално“ новинарство тоа не би било изводливо. Ставовите во таа колумна потоа се искористени и дополнително извртени за да се каже дека, внимавајте, опозицијата има контрола врз бројни портали, телевизии, весници. Секако, некој не може, убеден сум намерно, да разбере дека ако имаш поинакво мислење од она на власта, веднаш си со опозицијата. Тој став е неприфатлив и непримерен, особено за текст кој претендира да биде новинарски. Да, точно е дека една фондација, која не ѝ е ич по мерак на владејачката структура, финансиски поддржува неколку медиуми – факт кој е јавно објавен, но тоа не значи и дека ги поседува тие медиуми или, пак, дека како нејзиниот прв човек ќе каже, така ќе пишуваат новинарите. Барем за такво нешто нема докази во оваа некаква си анализа. Практиката, „пишување како некој друг ќе нареди“, покажува дека тоа се случува на, условно кажано, другата страна од медиумската ограда.

 

„МААЛСКИ МУАБЕТ ПРЕД КООПЕРАЦИЈА“

Понатаму, текстот воопшто и нема некоја информативна компонента, туку се одликува со озборувачка димензија од типот „маалски муабет пред кооперација“. Барем за мене, не е вест кога ќе се објави распнувачки текст од ваков вид и на ова место зашто тоа веќе е повеќепати направено, а верувам и дека ќе се прави и во иднина. Ова е дури разблажен пример за тоа што сѐ може да излезе од ваквиот „жанр“ на „распнувачко новинарство“. Но, затоа, пак, имаме подметнување коментар, секако оцрнувачки:

„Опозициските новинари сами си зборат за себе. Нема поголем доказ од тоа еден од најекспонираните новинарски послушници на СДСМ сам јавно да признае дека опозицијата има еден куп на медиуми и партиски новинари под своја контрола, нагласувајќи дека Героски е главниот идеолог, а Милчин главниот финансиер.“

 

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот – член 13 од Кодексот на новинарите.

Што друго да се рече, освен да се упати на тоа што Европската комисија во своите документи нотира за ситуацијата во медиумската сфера:

„Во изминатата година имаше сериозна загриженост за зголемена политизација на државните институции и ВЛАДИНА КОНТРОЛА врз медиумите, вклучувајќи го тоа и во контекст на изборите, како што заклучи ОБСЕ/ОДИХР“ – Стратегија за проширување на Европската комисија за 2014/2015.

Мислам дека со ова сѐ е кажано за тоа кој, какви и колку медиуми контролира.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

најверојатно е оригинал, непотпишан

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести