verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Простотилак еден тон, а факти ни за лек

on 18 - 10 - 2016       

maktel-za-kupolite

 

[Рецензија: 20 милиони црни курови у уста да ви улагаат 20 милиона години пичка ви материна лоповска! ]

 

Текстов не заслужува да се нарече „новинарски“ затоа што со тоа би се погазиле сите професионални стандарди. Вакво истурање навреди како во оваа објава не смее да се појави ниту како статус на социјалните мрежи, а не блог или на интернет-простор кој претендира кон квалификацијата „медиум“.

 

maktel-1Линк до оригиналниот напис: 20 милиони црни курови у уста да ви улагаат 20 милиона години пичка ви материна лоповска!

Датум и време на објавување: 14.10. 2016 – 20.47

Датум на рецензирање: 17.10.2016

Рецензент: Димитар Тануров

 

НАСЛОВОТ – УВОД ВО ГАДОСТИ!

Таканаречениот наслов, освен што изобилува со пцости, не открива речиси ништо за содржината освен дека тоа што следува ќе биде гадотија, која реално претставува трошење на времето на читателот, наместо негово информирање.

„20 милиони евра за новата сала внатре во собранието?!
20 ебени милиона евра се потрошиле за сала во веќе постоечка зграда?!
Алооооооооооооооо бандооооооооо све да ви ебаааааааааааааааааааааааааааааааааааам!!!!!!!!!!!
20 милиони црни курови у уста да ви улагаат 20 милиона години пичка ви материна лоповска, апаши, аждери, бездушници, арамии невидени, бандо гнасна мафијашка!!!
СВЕ ДА ВИ ЕБАМ ПО СПИСОК!“

Објавата, според категоријата во која е поставена, би требало да претставува колумна. Сепак, од информациска и од вредносна гледна точка, не може да се стави во оваа категорија, имајќи предвид дека изнесените факти воопшто не се коментираат и не се даваат контраргументи што се издржани и поткрепени со докази, туку само се редат „изливи на емоции“, гнев и пцости, кои повеќе предизвикуваат гадење од написот отколку што нудат поинаква гледна точка. Емоционално обоен жанр е репортажата, во која преку личното доживување на авторот се презентира одреден настан. Сепак, ова не може да се смета за репортажа, а ниту, пак, за колумна бидејќи не се запазени стандардите за овие жанрови.

Ставањето на одредена содржина во некоја категорија, не значи дека истата, дури и ако во најлабава смисла има одредени елементи на жанрот, ќе биде колумна, како што тоа е направено во случајов.

Што се однесува во јазикот, тој е вулгарен и непристоен, а тоа е недозволиво според новинарските стандарди. Дури во жанрот колумна, каде е дозволен послободен израз, не се дозволуваат пцости и навреди. Целата објава се коси со сè што претставува професионалното новинарство и се коси со Кодексот на новинари.

 

ПРЕКРШЕНИ ТРИ ЧЛЕНА НА НОВИНАРСКИОТ КОДЕКС

Со оваа објава се прекршени барем три члена на Кодексот на новинарите на Македонија: член 10, во кој се забранува јазикот на омраза во новинарските творби, како и членот 11 и членот 15, со кои се наложува пристојно изразување, односно култура на говорот и примерна комуникација со јавноста.

Член 10.
Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).

Член 11.
Новинарот ќе се придржува и на општо прифатените општествени стандарди на пристојност и почитување на етничките, културните и религиозните различности во Македонија.

Член 15.
Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести