verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Просечно еманципираниот и едуциран читател ќе рече „глупости!“

on 11 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

08102016-Press24-Markukule

[Рецензија: ЕКСКЛУЗИВНО: Како градоначалникот од ЛДП се справува со поплавите на аеродром!?]

„Глупости“, ќе рече просечниот еманципиран и едуциран корисник на медиумски содржини, откако ќе го прочита овој текст. Но, не и внимателниот рецензент на „Сервис за проверка на фактите од медиумите“.

Зошто? Затоа што внимателниот рецензент ќе тргне во потрага по одговорите на прашањата зошто претпоставил таква реакција на еден просечно едуциран и еманципиран читател.

08102016-Press24-MarkukuleЛинк до оригиналниот напис: ЕКСКЛУЗИВНО: Како градоначалникот од ЛДП се справува со поплавите на аеродром!?

Датум и време на објавување: 09.08.2016,  22:51

Датум на рецензирање: 10.08.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

ЗА ПРЕДАВНИЦИТЕ И ЛАЖНИТЕ ПАТРИОТИ

Првото прашање, и сосема логично, е дали навистина фотографијата врз која се гради целата оваа медиумска содржина е автентична и дали навистина на неа е градоначалникот на општината Центар?

Зошто би поверувале кога не му го гледаме лицето. Кога веќе „загрижени и револтирани граѓани“ испратиле фотографија, можеле да се погрижат да бидат покреативни и да достават фотографија која без сомнеж ќе потврди дека ликот на фотографијата е токму посочениот градоначалник.

Ние рецензираме напис кој се повикува на текст од друг медиум, но не  е посочен  линк до него. Тоа е непрофесионален гест и сериозно го доведува во прашање односот на тој што ја презел веста кон порталот каде што таа е изворно објавена. Ако тој што ја презел и пласирал веста има таков однос, зошто читателите би имале поинаков?!

Мора да се биде критичен при изборот на изворот и да се провери дали се точни доставените информации. Добра практика е да се настојува при избор на изворите тие да бидат разновидни и релевантни.

Во овој случај немаме ниту еден аргумент да профатиме дека се работи за релевантен извор, а разновидност не е секогаш квалитет. Се разбира.

И тоа не е сѐ, би подвикнале тука оние од емисиите за телевизиска продажба. Со оваа непроверена, непотврдена и во голема мера сомнителна автентичност на фотографијата, ќе добиете и еден куп коментари интегрирани во текстот. И тоа од оние најквалитетните – за предавниците и за лажните патриоти.

Освен тоа, просечно едуцираниот и еманципиран читател знае и да споредува и, во овој случај, да се запраша: Како да се прифати вистинитоста на оваа информација, кога истиот ден кога е конструирана, градоначалникот на општината и советниците организирале солидарна помош за настраданите граѓани во Скопје?!

Овојпат оценките на имагинарниот просечно едуциран и еманципиран корисник на медиумски содржини и на внимателниот рецензент на „Сервисот за проверка на фактите од медиумите“ се совпаднаа. За волја на вистинината – и не е за изненадување.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести