verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Пропаганда што го „стресе“ новинарството

on 14 - 10 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-72-menduh-thaci-e-d_-http___ina-online-net_menduh-thaci-e-dridh-dollnenin-foto_

 

Напис: Мендух Тачи го стресе Долнени (Фото)

Демократската партија на Албанците одржа собир за жителите на селото Добреш во општина Долнени.

На оваа партиска активност забележано е големо присуство на симпатизерите на ДПА, на кои им се обрати лидерот на партијата, Мендух Тачи, и други партиски функционери.

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, изјави дека единствена алтернатива за решавање на албанското прашање во Македонија е партијата што ја води тој. (ИНА)

 

[Рецензија: „Мендух Тачи го стресе Долнени (Фото)“]

За среќа, сите политички партии имаат свои официјални веб-страници на кои ги објавуваат сите свои активности, проекти или политички платформи, средби со граѓани или некоја друга активност за која нивните оддели за печат сметаат дека треба да биде објавена. Овие информации им служат многу на новинарите ако не успеале директно да ги следат овие настани на политичките партии или во моментот кога треба да ги вклучат ставовите на партиите во нивните вести, отсекувајќи дел од партиските соопштенија.

[Recension: “Menduh Thaçi e dridh Dollnenin (FOTO)”]Линк до оригиналниот напис: Мендух Тачи го стресе Долнени (Фото)

Датум и време на објавување: 07.10.2016

Датум на рецензирање: 09.10.2016

Рецензент: Агрон Врангала

 

„Новинарството го објавува она што некој не сака да биде објавено. Сè друго е пропаганда“

Џорџ Орвел

Оваа изрека нè тера да мислиме за самата суштина на новинарството. Кој сум јас како новинар и која е мојата работа во однос со јавноста? Што треба да понудам и на каков начин да ја сервирам веста? Јавноста не е една голема толпа што не разбира ништо и прифаќа сè што ќе ѝ се понуди како информација, без да се сомнева во тоа што е објавено.

Не е коректно од страна на новинарите да се објавуваат вести, кои во себе немаат позитивност за да информираат на рационален начин, туку се кријат зад тесните партиски ставови. Од кој било аспект да се гледа, ова не чини. Без да му создадеш некому малку проблеми или без да ги откриеш проблемите што тие ги предизвикуваат, не си направил новинарство. Едноставно, си објавил еден добар материјал за таа група од интерес што сакала да се претстави јавно, заборавајќи дека новинарот не ги претставува ставовите на ниту една група од интерес, ако тоа не е важно за широката јавност.

Веста што ја анализираме, од почетокот со „потресниот“ наслов, па сè до крајот, е еден вид партиско соопштение. И тоа, соопштение што може да се процени како целосно аматерско и што се гледа дека е напишано од некој партиски портпарол што е вработен со врски, без некоја способност или искуство во комуницирање со јавноста. Како и да е, овде не се тврди дека оваа вест извира од самата спомната партија. Партиите не секогаш имаат толку интерес по секоја цена да ги објават нивните активности. Проблемот стои кај политички ориентираните медиуми и кај новинарите што се ставаат во служба на некој политички субјект. Ним нема потреба некој да им каже „објави го ова“. Тие честопати ова го прават самоиницијативно, дури и подобро од некој партиски портпарол.

Во содржината се зборува за еден партиски собир одржан од ДПА во едно село во Долнени. Но, каква смисла има веста ако се објави како таква? Се вели дека имало големо присуство на симпатизери. Да, без нивно присуство немаше да се нарече собир. И на свадба и на погреб се собираат луѓе, но не пишуваме вест за секој таков собир.

И за да биде уште повисок гласот на партискиот звучник, текстот завршува со една изјава од лидерот на партијата, кој рекол дека единствената алтернатива за решавање на албанското прашање е партијата на чие чело е тој.

Треба многу да се внимава што се објавува. Вестите треба да бидат сеопфатни, независно од политичките убедувања. Нека се чуваат тие желби кога ќе се оди на некој партиски собир како поединец или граѓанин, но без да се вклучи овде и нашиот однос како новинари со јавноста.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести