verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Пропаганда и предвидувања

on 9 - 12 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-154-zhurnal-eksluzivisht-meson_-bdi-merr-minist_-http___www-zhurnal-mk_content_

 

Напис – Журнал ексклузивно дознава: Во идната Влада ДУИ ќе го преземе Министерството за финансии

Скопје, 30 ноември – „Според изворите на новинската агенција „Журнал“, по изборите на 11 декември ќе има многу промени во политичкиот камп во земјава, при што се очекува Албанците да добијат најмногу кога се работи за поделбата на власта, иако и досега имале добри позиции во управувањето на разни владини ресурси, пренесува „Журнал“.

Иако пред некое време „Журнал“ известуваше дека при поделбата на трите главни позиции на чело на државата на албанската партија на власт ќе ѝ припадне местото на претседателот на Собранието, новинската агенција „Журнал“ дознава дека на чело на Министерството за финансии ќе биде член од Демократската унија за интеграција.

Инаку, цело ова време албанските партии на власт биле критикувани поради фактот што поделбата на буџетот не е направена на полза на Албанците, но по 11 декември изгледа дека и на овој проблем ќе му дојде крајот.

 

[Рецензија – Журнал ексклузивно дознава: Во идната Влада ДУИ ќе го преземе Министерството за финансии]

Ова е таков вид на текст што тера на чудење како може пропагандата и лагата да одат толку далеку. Еден портал на кој често се објавуваат написи во интерес на албанската партија на власт, му нуди ексклузивна вест на читателот за Демократската унија за интеграција,  во која се вели дека по изборите ќе го добие Министерството за финансии. Од каде има гаранција за едно вакво тврдење во веста? Сигурно не од фактите и од изворите.

zhurnal-eksluzivisht-meson-bdi-merr-ministrine-e-financave-ne-qeverine-e-ardheshmeЛинк до оригиналниот напис: Журнал ексклузивно дознава: Во идната Влада ДУИ ќе го преземе Министерството за финансии

Датум и време на објавување: 30.11.2016

Датум на рецензирање: 03.12.2016

Рецензент: Ферикан Илјази Арифи

Како можеме да дадеме така лесно констатации за работи како што е составот на новата влада кога знаеме колку е комплицирана политиката во Македонија и кога изборите  уште не се ни одржале? Во текстот пишува дека на чело на Министерството за финансии ќе биде еден министер Албанец, иако е познат фактот дека во јавноста постојано се зборува за наводна нерамноправност на Албанците во распределувањето на буџетот и има постојани поплаки за дискриминација. Сето ова во „Журнал“ е напишано врз основа на анонимни извори.

„Иако пред некое време „Журнал“ известуваше дека при поделбата на трите главни позиции на чело на државата на албанската партија на власт ќе ѝ припадне местото на претседателот на Собранието, новинската агенција „Журнал“ дознава дека на чело на Министерството за финансии ќе биде член од Демократската унија за интеграција“.

Значи, по 12 години кои оваа партија ги поминала на власт, најпосле дошло време да го преземе Министерството за финансии? Знаејќи ја историјата на владите и на владејачките коалиции во Македонија, тешко дека може да ги убедат читателите дека ова министерство, толку важно за државата, но и за владата, би го оставиле во рацете на една партија на Албанците. Но, за да не бидеме премногу субјективни, ќе му се посветиме на анализирањето на написот објавен во „Журнал“. Овој портал постојано делел пофалби за партијата на Албанците која е на власт поради водењето на  многу важни министерства, но сега пишува дека ќе го преземе и Министреството за финансии.

„Според изворите на новинската агенција „Журнал“, по изборите на 11 декември ќе има многу промени во политичкиот камп во земјава, при што се очекува Албанците да добијат најмногу кога се работи за поделбата на власта, иако и досега имале добри позиции во управувањето на разни владини ресурси.“

Новинарот ни тргна еден „голем товар“ од душата. По парламентарните избори на 11 декември „кога ќе победи ДУИ“, како што тврди авторот, на проблемот на Албанците поради, како што тврди дел од јавноста, дискриминаторната поделба на буџетот, ќе му дојде крајот.

„Инаку, цело ова време албанските партии на власт биле критикувани поради фактот што поделбата на буџетот не е направена на полза на Албанците, но по 11 декември изгледа дека и на овој проблем ќе му дојде крајот“.

Толку многу зборови, но ниту трошка вредност, ниту вистинско новинарство. Овој текст можеше да изгледа многу поинаку или подобро воопшто да не беше напишан, затоа што нема ниту еден веродостоен елемент со кој би можел да ги привлече читателите. Работата не е само да се соберат што повеќе кликнувања и симпатизери на за партијата чиј интерес го брани еден медиум, туку треба да се почитуваат одредени принципи без кои не вреди да се напише каков било новинарски текст.

Кодексот за етика им налага на новинарите да објавуваат само потврдени и веродостојни информации.

  • Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.
  • Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.
  • Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.
  • Новинарот ќе го назначи изворот на информациите, но ако изворот бара да остане анонимен, новинарот ќе го заштити.

Ова не треба да се земе здраво за готово. Изворот на информациите не се објавува, на пример, кога се известува за некое криминално дело или, пак, за корупција, во случаи кога разоткриените криминалци може да му наштетат на изворот. Но, каков ризик му се заканува на изворот кога се работи за еден ваков текст полн со пофалби?


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

нерелевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не

не може да се утврди

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести