verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Промоција на Прирачник за новинарство засновано на податоци

on 3 - 03 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

logo-crm-malo

Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), во вторник, на 4 март 2013 година, во ГЕМ клубот во Старата скопска чаршија (Клуб „Менада“), со почеток во 12:00 часот, ќе го претстави македонското издание на „Прирачникот за новинарство засновано на податоци“.

„Прирачникот за новинарство засновано на податоци“, приреден од Џонатан Греј, Лилијана Бунегру и Луси Чејмберс, изворно е издание на Фондацијата „Отворено знаење“ и на „Европскиот центар за новинарство“. Македонското издание на оваа значајна книга го подготви Центарот за развој на медиуми,  финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ).

Прирачникот е обид да им се приближи на новинарите секаде во светот, новинарството засновано на податоци. Македонското издание  на прирачникот ќе го промовира новинарката Сашка Цветковска, која активно се занимава со овој вид новинарство. На презентацијата ќе говорат и Виолета Глигороска, од ФООМ и Дејан Георгиевски од ЦРМ.

Претплатете се за најнови вести