verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Промоција на Прирачник за заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет

on 18 - 02 - 2014       

Koalicija

Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ во среда на 19 февруари во 13.00 часот во ЕУ Инфо Центарот во Скопје ќе го промовира Прирачникот со меѓународни стандарди за заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет.

Во него се претставени одредбите за забрана на и заштита од дискриминација во најзначајните меѓународни договори за заштита на човековите права усвоени од Обединетите нации, правната пракса на одделните Комитети во случаи на заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, како и препроаките и согледувањата на Комитетите во врска со сексуалнта ориентација и родовиот идентитет како заштитени основи. Понатаму, дадени се најзначајните пресуди на ЕСЧП во врска со случаи за заштита на правата на лицата со различна сексуална ориентација и родов идентитет. И на крај, прирачникот дава осврт на правната рамка на ЕУ и неколку случаи на Европскиот суд на правдата.

Целта на овој прирачник е да се поттикне создавањето на правна пракса за заштита од дискриминација со примена на меѓународните стандарди за заштита на човековите права на национално ниво.

 

Агенда на промоцијата:

13.00 – 13.15 – Промоција на прирчникот од страна на авотрката Наташа Бошкова

13.15 – 13.30 – Излагање на Г. Душко Миновски, Претседател на Комисијата за заштита од дискриминација

13.30 – 13.45 – Излагање на Судијката Маргарита Цаца Николовска, Судијка на Уставниот суд во БиХ

13.45 – 14.00 – Дискусија (прашања и коментари)

14.00 – 14.30 – Кафе

(Дополнителни информации можат да се добијат на: 070 591 311, 02 3214 269)

Претплатете се за најнови вести