verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Промашен наслов на „позајмен“ текст

on 7 - 10 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

infomax

[Рецензија: ПОСЕБЕН СУД ЗА ПРЕДМЕТИТЕ НА КАТИЦА: Европратеникот испорача нови услови како алиби за бегство од избори!]

 

Една мана со сериозни консеквенции…  Токму така, кога ќе се промаши насловната конструкција, последиците ги чувствува целиот текст. Колку и да е коректна содржината, како во овој случај, таа не останува имуна на лошото заглавие. Се менува целосниот впечаток за написот, се добива чувството на пристрасност и на обоеност.

 1111Линк до оригиналниот напис: ПОСЕБЕН СУД ЗА ПРЕДМЕТИТЕ НА КАТИЦА: Европратеникот испорача нови услови како алиби за бегство од избори!

 Датум и време на објавување: 03.10.2016

 Датум на рецензирање: 06.10.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 

КОГА ЌЕ ГО УТНЕШ НАСЛОВОТ…

Зошто? Зашто имаме пример за наслов-коментар:

„ПОСЕБЕН СУД ЗА ПРЕДМЕТИТЕ НА КАТИЦА: Европратеникот испорача нови услови како алиби за бегство од избори!“

Каде е базата, темелите за констатацијата толку силно истопорена и испорачана во насловот? Јасно е, врз основа на самата содржина, дека такво нешто нема, што упатува на тоа дека станува збор за личен суд. Ова, пак, е во спротивност со член 13 од Кодексот на новинарите, кој предвидува:

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

Недвосмислено се алудира на некаков обид на опозицијата да бега од избори, што е терминологија често употребувана од владејачката партија. Тука доаѓаме до зафаќањето одредена страна, што се коси со член 14 од новинарскиот Кодекс, каде е прецизирано дека:

Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

Значи, имаме апсолутна некорсподенција меѓу текстот и насловната конструкција. Првото е извештај, второто е личен коментар. Ова е некоректно мешање на новинарски жанрови.

А, и да не заборавиме, написот е „украден“ од А до Ш – изменет е само насловот, а притоа никаде не е наведено дека е позајмен од друг медиум. Со ваквата постапка е прекршен уште еден професионален принцип:

Плагијаторството е неприфатливо. Цитатите не смеат да се користат без да се нагласи изворот или авторот (член 12 од Кодексот).

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

делумно, во насловот

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

во насловот

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести