verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Прикривање податоци за поинаква вистина

on 21 - 12 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Збор-како-ѓон-Заев-не-си-го-испочитува-своето-ветување-за-предавање-на-материјалите-Kurir.mk_ 1

[Рецензија:  Збор како ѓон, Заев не си го испочитува своето ветување за предавање на материјалите]

 

Текстот е едностран и коментаторски. Во него се презентираат бајати информации, а во интерес на извртување на реалната ситуација се испуштаат најновите податоци за настанот, кои, пак, се клучни за читателот да може да оформи целосна слика. Написот со вака конструирани податоци, се обидува да го промовира ставот на владејачката партија.

Збор-како-ѓон-Заев-не-си-го-испочитува-своето-ветување-за-предавање-на-материјалите-Kurir.mk_Линк до оригиналниот напис: Збор како ѓон, Заев не си го испочитува своето ветување за предавање на материјалите

Датум и време на објавување: 18.12.2015, 13:41
Датум на рецензирање: 18.12.2015

Рецензент: Димитар Тануров

 

ПРЕМОЛЧУВАЊЕ

„Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по којзнае кој пат си го погази сопствениот збор, но и не го испочитува законот. Изминатиов период, Заев постојано се демантира самиот себе и сам се фаќа во своите лаги. Токму поради тоа, во изјавите на Заев ретко кој верува затоа што човекот кој претендира да биде премиер не си ги почитува своите ветувања.“

Текстот се фокусира на предавањето на преслушуваните материјали и на роковите. Во него е ставен фрагмент од изјавата на Заев, дадена на почетокот на септември, за изборот на специјалниот обвинител и за доставувањето на материјалите. Сепак, во текстот не се наведува вчерашната изјава на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, кој соопшти дека:

„материјалите од незаконското следење на комуникациите се од исклучително сензитивна и доверлива природа и заради обезбедување и нивна максимална заштита, нема да пристапиме кон нивно предавање сè додека не се обезбедат услови материјалите да бидат соодветно и максимално обезбедени.“

Написот не нуди нови информации, а ни според својата структура не претставува вест што треба да ги информира читателите. Тој, преку коментирање и испуштање податоци, служи за извртување на вистината, дискредитирање и за напаѓање на лидерот на опозициската партија.

Ваквото делумно пренесување податоци е спротивно на новинарските стандарски, според кои, нивинарот е должен на читателот непристрасно да му ги презентира сите факти и информации, без притоа да зазема страна. Читателот, нели, сам треба да ја процени ситуацијата од сите достапни информации.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести