verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Прикриени острите критики од Брисел за политичката криза, натежнуваат фалбите за Владата

on 13 - 11 - 2015       

 

http___wwwalfa_mk_Newsaspx_id101692VkNUu7erTIV-crop-resize

 

[Рецензија: Аналитичари: Седмата препорака потврда за реформскиот курс]

 

Имаме нагласено необјективен прилог во кој извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија е презентиран со диоптријата на власта. Овој спинерски материјал, кој натежнува од фалби за Владата, ги прикрива острите критики од Брисел за политичката криза, судството, економијата, меѓуетничките односи, борбата против корупцијата, (не)почитувањето на човековите права, слободата на медиумите…

http___www.alfa.mk_News.aspx_id=101692#.VkNUu7erTIVЛинк до оригиналниот напис: Аналитичари: Седмата препорака потврда за реформскиот курс

Датум и време на објавување: 10.11.2015, 17:36

Датум на рецензирање: 12.11.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

ПРЕМОЛЧУВАЊЕ

Прилогот што е пред нас се повикува на официјален документ, но селективно го прикажува.

Во него е премолчено дека во новиот Извештај од Брисел, се посочува дека Македонија минува низ најтешката политичка криза  од 2001 година.

„Пресретнатите разговори во кои наводно се вмешани високи владини функционери, сугерираат прекршување на основните права, мешање во независноста на судството, слободата на медиумите и изборите, како и корупција.“

Исто така,  во овој напис не се кажува дека според описните оцени (назадување, нема напредок, одреден напредок, добар напредок и многу добар напредок) што ги дава Европската комисија во ИзвештајотМакедонија назадува во областа на судството и делот на слободата на изразување, а нема напредок во областа на борбата против корупција, функционирањето на пазарна економија и во регионалната политика.

Медиумите објавија и анализи од кои може да се види дека  Македонија добила најслаби оценки од Брисел за напредокот во изминатите 12 месеци во споредба со Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора во делот за борба против корупција, борба против криминал, судство и слобода на изразување.

 

ВОСПЕВАЊЕ НА ВЛАСТА

Материјалот што е предмет на оваа рецензија на самиот почеток ја воспева власта дека е посветена на реформите и дека Брисел го препознал тоа. Таква порака испраќа уште со  претенциозниот наслов во кој се генерализира: „Аналитичари: Седмата препорака потврда за реформскиот курс“.

Во прилогот, меѓутоа, не се прикажани повеќе гледишта, туку изјава само на  еден аналитичар – Владимир Божиновски. Неговата мисла, пак, намерно е предимензионирана и издигната на ниво на доминатен став на македонската експертска јавност.

За разлика од оцената на Божиновски, во дел од медиумите  можеа да се видат сосема спротивни коментари. Како, на пример, дека во овој извештај првпат отворено (а не како досега дипломатски завиено), се упатени експлицитни критики на адреса на власта и дека  Македонија добила најкритички извештај досега.

Некои економски аналитичари сметаат и дека Владата треба сериозно да ги земе предвид забелешките од Европската комисија во однос на јавниот долг, отстапките во среднорочнатата фискална стратегија, пробивањето на првично зацртаните цели на дефицит, како и во однос на структурните промени на економијата и развојот на пазарот на трудот.

Но, наспроти критичкиот тон на извештајот, овој наменски прилог во јавноста креира розова слика дека власта спроведува успешни реформи, поради кои е добиена седмата препорака за почнување на преговорите со ЕУ –  условена само поради лошата опозиција! А, таа, за среќа, не успеала со „деструктивното однесување“ да го опструира маестралниот реформски процес на Владата!

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

2 извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести