verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

При известување за убиство, одговорноста на новинарот се удвојува

on 12 - 08 - 2015       

[Рецензија: „Еве ги причините за денешното убиство во Куманово!”]

 

По известување за едно убиство што се случило во Диво Насеље во Куманово, горенаведениот медиум одбрал да раскаже за причините за ова убиство, во кое животот го изгуби едно лице, а друго лице е рането. Ова не е етичен начин на информирање за едно убиство, затоа што се работи за лица кои не се јавни личности и причините за убиството не се потврдени од полицијата.

ALMAKOS Ja shkaqet për vrasjen e sotme në KumanovëЛинк за оригиналниот текст: „Еве ги причините за денешното убиство во Куманово!”

Датум и време на објавување: 28.07.2015, 12:59

Датум на рецензија: 30.07.2015

Рецензент: Фатлуме Дервиши

Насловот на веста остава впечаток дека текстот ќе содржи целосна информација за причините што довеле до убивање на едно и до ранување на друго лице. Во еден ваков случај, овие причини се веродостојни ако се официјални извештаи на Министерството за внатрешни работи, кое го истражува случајот.

На рецензираната вест ѝ недостига официјална потврда од МВР за причините на извршеното убиство. Постои можност и самиот медиум да ги открил причините, но ова задолжително треба да го поддржи со факти и со официјални изјави. Во овој случај, веста се заснова врз следната фраза: „Според првичните информации на медиумите, влошените семејни односи биле причина за денешното убиство и ранување“. Не се дава објаснување од каде ги добиле медиумите тие „првични информации“ и колку веродостојни може да бидат. Медиумите ги следат случувањата, но во еден ваков случај тоа треба да го направат и со изворот на информацијата. Со поткрепа на информациите од такви извори, медиумот станува доверлив и коректен кон сите.

Доколку овие информации немаат официјална конфирмација, постои опасност тие да се сметаат за сомнителни, а тоа не го посакува ниеден професионален медиум. Затоа новинарот и медиумот треба да бидат многу внимателни кога известуваат со непотврдени информации за вакви чуствителни случувања.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

сензационален

соодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

Претплатете се за најнови вести