Презумција на невиност, што беше тоа?
Објавено во Рецензии
on 16 - 08 - 2016 Автор: Ана Анастасовска[Рецензии: Бичиклиски има кривична и е осомничен за измама, но не се јавува на поканите на обвинителството]
Текстот што е предмет на оваа рецензија е спорен во поглед на две работи. Прво, повреден е Законот за заштита на личните податоци и, второ, не е испочитувано правото на презумција на невиност. Написот е политички мотивиран и сугерира дека функционер на владејачката партија е кривично обвинет.
Линк на оригиналниот напис: Бичиклиски има кривична и е осомничен за измама, но не се јавува на поканите на обвинителството
Датум и време на објавување: 11.08.2016
Датум на рецензирање: 16.08.2016
Рецензент: Ана Анастасовска
ОТКРИЕНИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Во текстот е објавена наредба од судот за кривична пријава, без притоа да се заштитат личните податоци на посочените. Имено, сокриен е матичниот број на Александар Бичиклиски, но објавени се неговото и на другите осомничени, полно име и презиме, како и адресата на Бичиклиски. Иако е направен обид да се заштитат личните податоци, сепак, тоа не е сторено во целина.
Објавувањето на податоци за лица против кои се води судска или управна постапка е спротивно на Законот за заштита на личните податоци, особено ако се земе предвид и непочитувањето на начелото за презумција на невиност. Јавниот интерес за истражните акции и за судските процеси е голем и оправдан, но во секој случај медиумите мораат да обезбедат соодветно анонимизирање на лицата што се директно инволвирани во постапките кои се сè уште во тек.
Непочитувајќи ја презумцијата на невиност, односно објавувајќи ги податоците на посочените, повреден е членот 8 од Кодексот на новинари во кој јасно се наведува дека:
Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми. Во судските постапки треба да се почитува принципот на презумција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда.
ПОЛИТИЧКА МОТИВАЦИЈА
Понатаму, спорно е и тоа што се имплицира дека станува збор за висок функционер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, од што се гледа политичката мотивација и обидот да се девалвира истиот.
„Порталот Доказ објави фотографија од наредба издадена од јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, а со која се бара лице кое се вика Александар Бичиклиски, односно најверојатно политичарот од ВМРО-ДПМНЕ, и кој има кривична пријава и со уште две други лица е осомничен за кривично дело Измама по член 247 од Кривичниот Законик“.
Импликацијата е направена со зборот „најверојатно“. Кога веќе е „најверојатно“, односно кога веќе станува збор за претпоставка, зошто тогаш се претпоставува дека се работи за политичар од ВМРО-ДПМНЕ? Зошто „најверојатно“ да не е некој друг Александар Бичиклиски. Токму тука се гледа политичката мотивираност на написот и обидот да се дискредитира како владејачката партија, така и нејзиниот функционер.
Тоа што, исто така, недостига во овој напис е втората страна. Кога веќе се наведува читателот на тоа дека станува збор за политичар од владејачката партија, добро би било да се побара и став од партијата или личноста, дали навистина се работи за него или за некое друго лице со исто име и презиме.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
наведен извор со линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
не апликативно