Претпоставките без верификација не информираат
Објавено во Рецензии
on 12 - 08 - 2015 Автор: Benjamin Arifi
[Рецензија: Заев сигурно ќе го именува Пендаровски за Министер на полицијата]
Информирањето нема ништо заедничко со шпекулирањето и со претпоставувањето. Затоа професионалното новинарство треба да се воздржи од објавување шпекулации во форма на вест.
Линк за оригиналниот текст: Заев сигурно ќе го именува Пендаровски за Министер на полицијата
Датум и време на објавување: 21.07.2015, 09:26
Датум на рецензија: 25.07.2015
Рецензент: Бенјамин Арифи
Рецензираниот текст го пренесува во целост текстот во весникот „Лајм“, менувајќи го само насловот. Но, токму поради конотацијата на насловот, имајќи ги предвид фактите, оваа вест станува пошпекулирачка и понеточна. Ако се осврнеме на договорот од втори јуни меѓу главните политички сили, чија цел беше надминување на политичката криза, ќе се забележи дека текстот на договорот демантира најмалку две информации од оваа вест.
Прво, според договорот, министерот за внатрешни работи се избира со компромис, а не се именува, односно се избира со номинација од СДСМ и со одобрување од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ. Ова ја демантира претпоставката дека Заев „ќе го именува“ Пендаровски, како што е наведено во насловот.
Второ, договорот предвидува министерот за внатрешни работи да биде техничко решение и да не биде партиски функционер. Со ова, поради нивните партиски врски, паѓаат во вода повеќето од имињата спомнати во текстот како потенцијални кандидати за министер за внатрешни работи.
Во овој случај медиумот не контактирал со СДСМ за да ги потврди објавените информации објавени од весникот „Лајм“, добиени преку свои извори, туку го пренел текстот во целост менувајќи го само насловот. Верификацијата и внимателноста при објавување на вестите, иако добиени од други медиуми, се основа за професионално новинарство.
(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
лажни информации
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
сензационален
ФОТОГРАФИЈА
има
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
не апликативно
стилски уреден