verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Препишано мени како новинарски текст?! Ви се верува ли?

on 22 - 06 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

[Рецензија: „35 денари кафе – 50 денари ракија: Погледнете ги цените во оваа кафеана во центарот на Скопје“]

 

Авторот на оваа рецензија воопшто не е среќен што троши време на оваа медиумска содржина, но што да се прави. Едноставно – мора да се регистрира зошто ова не може да помине како новинарство. Заради угледот на професијата, заради јавноста, заради помладите колеги и заради констатирањето на еден феномен, на една појава, која ги корумпира професионалните новинарски и етички стандарди.

Се работи за содржина која нема ниту еден елемент за да биде новинарска содржина, а е пласирана на место и во рубрика која со ништо не упатува на разлика, на знак или каков било друг симбол, што ќе предупреди дека се работи за комерцијална содржина.

06192015-Press24MeniCeniЛинк до оригиналниот напис: 35 денари кафе – 50 денари ракија: Погледнете ги цените во оваа кафеана во центарот на Скопје

Датум и време на објавување: 16.06.2015 – 12:29

Датум на рецензирање: 19.06.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Да бидеме докрај формални, дури и Кодексот на новинарите во членот 6, во ставот 4, јасно наведува:

Треба да постои разграничување меѓу рекламирањето и новинарскиот текст со илустрацијата

Во нашиот случај дури и нема новинарски текст за да се направи разграничување.

Освен тоа, освен етичките и некои основни правила во однос на новинарството без кои не се може, постои и нешто што ја оддава и креативноста на новинарите зашто оваа професија не е само факти и извешати, туку и креативна алатка за правење стории од интерес.

Нема ништо од тоа во оваа содржина. Наместо да се напише една занимлива животна приказна за една кафеана како место за дружење и наместо да се опишат на еден поттикнувачки начин детaљите што го прават ова место пожелно, ние имаме препишано мени.

Препишано мени?! Ви се верува ли? Не ни се верува(ше) ниту нам, но, еве го пред нас… менито.

За среќа, во ова мени нема говор на омраза, не поттикнува насилство и не дискриминира.

Ајде доста е, зашто можеме да бидеме и понепријатни како што нè обземаат емоциите за тоа како некој може до толку да ја девалвира професијата од која живее. Наместо да живее за професијата…


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести