verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Премиер претставен како златна рипка

on 11 - 09 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

09102015-Kurir-Poseti-crop-resize

[Рецензија: Преку посетите на терен најдобро се решаваат проблемите на граѓаните]

 

Нема премногу да се задржуваме со рецензијата на оваа медиумска содржина. Така како што е напишана, таа го претвора медиумот во гласило, билтен на претседателот на владата и во неа нема ништо што е вредно за да биде вест или друга стандардна медиумска содржина.

Освен непостоењето или немањето желба да се почитуваат принципите кои утврдуваат дали една информација е вредна да биде вест, оваа медиумска содржина нема ниту критички однос кон активностите на политичарите кои се избрани од народот за да работат во име на јавниот интерес. Во овој случај, еден еманципиран и политички образован медиумски уреднички тим, не може да пропушти да укаже дека овој тип активности, освен што е популистички, имаат цел само да го промовира политичарот што ги презема овие активности.

Тоа нема никаква врска со јавниот интерес.

09102015-Kurir-PosetiЛинк до оригиналниот напис: Преку посетите на терен најдобро се решаваат проблемите на граѓаните

Датум и време на објавување: 09.09.2015, 13:10

Датум на рецензирање: 11.09.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Зошто? Затоа што овој начин на „комуникација“ со граѓаните може да ја доведе во прашање стратегијата на власта за препознавање и за решавање на проблемите на граѓаните низ вообичаените и утврдени механизми. Зарем лично премиерот треба да излезе на терен за да му биде кажано дека прозорците во училиштата не се затвораат, дека граѓаните немаат пат, дека чешмата не тече… Затоа што овој начин на „исполнување желби на златната рипка“, гледањето во далечината, покажувањето со показалецот… е краткорочно и инцидентно, без систем и планирање. Освен тоа, во голема мерка се работи за веќе предвидени и рутински активности на владините агенции и на други структури.

Медиумскиот ентураж (недостоинствена придружба) само потврдува дека се работи за популистичка тактика за присуство во јавноста.

Тоа еден медиум треба да го знае и да го препознае пред да реши од тоа да прави медиумска содржина. Зашто, поинаку, сè е политички пристрасна медиумска содржина.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести