Предвидувањата и констатациите не се новинарство
Објавено во Рецензии
on 22 - 07 - 2015 Автор: Adrian Kerimi[Рецензија: Aлкоил најави: Мијалков, Јанкуловска заедно со Груевски не одат во затвор!]
Ниедна неаргументирана претпоставка не може да се објави како вест. Уште повеќе, треба да се внимава кога се работи за прашања со голем јавен интерес и кога информациите може да создадат погрешно информирање и толкување. Сè треба да биде добро поткрепено со факти.
Линк до оригиналниот наслов: Aлкоил најави: Мијалков, Јанкуловска заедно со Груевски не одат во затвор
Датум и време на објавувањето: 15.07.2015
Датум на рецензијата: 17.07.2015
Рецензент: Aдриан Керими
Текстот што го рецензираме содржи констатации и заклучоци кои не се аргументирани. Во текстот се вели: „Оставките на кабинетот на Груевски се потпишани во Брисел! Заев ќе ги амнестира, испратени се u првите сигнали дека борбата на Заев и Груевски сега веќе е навлезена во една друга фаза за амнестирање на кабинетот на Груевски„. Овие констатации не се базирани врз ниту еден извор. Повеќе се интерпретација на договорот од авторот. Таква констатација не може да се направи врз база на договорот кој зборува за воспоставување специјално истражно обвинителство.
„Без разлика на постигнатиот денешен договор меѓу политичките лидери во земјата, при пто Зоран Заев изјави дека неговата партија ќе предложи специјален обвинител кој што ќе ги истражува фактите и аргументите од проектот „Вистината за Македонија“, едно е сигурно, дека предметите и главните автори ќе останат неказнети.“
На текстот, исто така, му недостигаат и ставовите на двете страни. Ова ја прави веста еднострана.
Текстот можеше да понуди толкувања на договорот од разни набљудувачи, но ставајќи јасно до знаење дека новинарот ги цитира овие ставови.
Исто така, и во содржината на објавените материјали за случајот „Монструм“ има испреплетување на личните ставови и на фактите.
Читателот на текстот што го рецензираме се среќава со коментари, констатации и со политички ставови на авторот на текстот.
(Од Сервисот за проверка на факти во меидумите на албански јазик)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
нема наводи
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
анонимни
се повикува на матичните „извори„
не се знаат
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
лажни информации
нема новинар во написот
комерцијална пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
несензационален
несоодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
има контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови