verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Предупредување: И со сензационализмот се претера!

on 10 - 12 - 2015       

Човештвото-ќе-биде-уништено-за-Божиќ-Сител-Телевизија

[Рецензија: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД НАСА: Човештвото ќе биде уништено за Божиќ] 

Доколку навистина голем астероид е на пат кон Земјата, таквата информација би била ударна, барем на интернет-страниците на вселенските агенции на кои анонимниот автор се повикува. Веста ја нема, од НАСА не јавуваат за ваква опасност, но имаат основа за демант, ако воопшто им падне на ум да се занимаваат со македонски медиум.

Датум и време на објавување: 09.12.2015, 15:52

Датум на рецензирање: 09.12.2015

Рецензент: Александар Пешев

ПУБЛИКАТА ВО ПРАШАЛНИЦИ
Рецензираме медиумска содржина озаглавена со сензационалистички наслов кој, веројатно, е „склопен“ за да привлече што поголема публика.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД НАСА: Човештвото ќе биде уништено за Божиќ!
Проблемот е во тоа што ваквиот лов на кликнувања или гледаност се коси со професионалното начело дека медиумите не треба ниту да создавааат ниту, пак, да шират паника.
Од друга страна, самиот наслов не соодветствува со содржината на текстот.
„Астероидот „SD220 2003“ претставува потенцијална опасност за нашата планета, јавува НАСА“ 
Веќе во првата реченица, авторот го демантира насловот и ја остава публиката во прашалници: Ќе нè биде по Божиќ или не? Битно астрономите, како што тврди медиумот „прерачунале“ дека астероидот е голем. Непознато е дали во „рачуните“ на медиумот е предвиден и хонорар за лектор. Но, сепак, тоа е минорен проблем ако се земе предвид дека целата вест, најверојатно, е измислица.
Ваква информација нема на официјалната интернет-страница на Агенцијата ниту во делот на последни вести. Медиумот кој ја пренесува (дез)информацијата се повикува на британски медиум, но таквата атрибуција не е направена ниту  во насловот, ниту во воведот, туку подолу во текстот.
Сè на сè, имаме класичен пример на сензационализам кој не заслужува простор во медиум, особено ако се работи за телевизија со национална концесија.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести