verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Претпоставките за чувства тешко се верифицираат

on 12 - 08 - 2015       

 

[Рецензија: Албанците кои го поддржуваат Заев 100 % занемеа од разочарување!]

 

Рецензираниот текст воопшто не наликува на еден новинарски текст. Текстот ја анализира емотивната состојба на некои неимнувани поединци, опишувајќи го нивното „разочарување“ и „нивната патолошка омраза“ без да даде факти или извори за таквите претпоставки.

Portali Indeksonline   Shqiptarët që mbështetnin 100 përqind Zaevin mbyllën gojën nga dëshprimiЛинк до оригиналниот текст: Дали Албанците кои го поддржуваат Заев 100 % занемеа од разочарување!

Датум и време на објавување: 30.07.2015

Датум на рецензија: 06.08.2015

Рецензент: Бењамин Арифи

Споменатиот текст не содржи речиси ниту еден елемент на вест, туку целиот е со претпоставки и со хипотези.

„Имаше многу Албанци кои чекаа на ред за да се фотографираат со македонскиот лидер, претставувајќи го него како амблематска фигура на демократијата.

Но, по 15 јули, работите се променија, СДСМ ја постигна целта, а Албанците само беа злоупотребени на најсуров начин и чувствуваат патолошка омраза кон Заев поради многуте ветувања кои тој им ги даде на Албанците и истите не ги исполни.“

Констатацијата дека една група Албанци место симпатија сега за Заев чувствуваат патолошка омраза не е поткрепена со ниту еден аргумент, настан или дејство на неименуваните поединци во овој текст.

Тешко може да се верифицира емотивната состојба на некој поединец. И во случај кога се има извори од психолог или психијатар, од медиумите не може да се донесат директни констатации.

Авторот во овој текст ја спомнал само причината за „омразата“ која овие Албанци ја чувствуваат кон Заев, тврдејќи дека тоа е последица на неисполнетите ветувања дадени на Албанците. Но, во текстот недостига објаснување што им ветил на Албанците лидерот на опозицијата.

Покренатите прашања може да се и праведни и јавноста е многу заинтересирана да знае дали Заев ќе ја има или не поддршката на Албанците или, пак, и само за нивниот став во однос на него, но неаргументираните констатации не се дел од професионалното новинарство.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

сензационален

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести