verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

ЗА

Лекови за сите болести биле во Библијата ?!

RAF




Почнивајќи од насловот, потоа и секцијата под која е поставен написот, а и самиот напис не прилега на една озбилна новинарска агенција. Иако написот е напишан неутрално, т.е. пренесува само тврдења на трети лица, и иако авторот не донесува никаков заклучок, сепак има толку многу научни неточности што воопшто незнам како некој новинар би го ставил овој напис во оделот "Живот". Едно од најсмешните постулати е дека човекот е единствен жив организам кој може да биде болен, но дека другите живи организми се разболувале од човечкиот допир. Срамота е воопшто да се објавуваат вакви написи.
http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=38618


07 - 05 - 2014


ЗА

Шокантно: Проверете какво млеко пиете!

RAF




Авторот без никакви докази и истражување тврди дека ознаките на картонските контенери за млеко укажуваат колку пати млекото било пастеризирано. Притоа и без да се запознае барем малце што е пастеризација, тврди дека според закон дозволено е пастеризација на млеко со истечен рок дури до 5 пати. На последната страна од написот дури се додаваат други теории за бројките како например дека тоа означувало колку пати е рециклирана хартијата. Тие бројки според Tetra-Pak компанијата означуваат бројката од која ролна машина е процесирана хартијата. Авторот воопшто не се помачил да ги провери информациите за броиките на амбалажата кои ги добил/а од некаде, но сепак многу лесно можел/а да провери за што тоа точно значи пастеризација, и дека овој процес сосема е различен од рециклирање. Повторно имаме актуелност во македонските медиуми да се шири страв и паника.
http://puls24.mk/magazin/zivot/sokantno-proverete-kakvo-mleko-piete/Prev?id=0


07 - 05 - 2014


Претплатете се за најнови вести