verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

ЗА

Не тргај на одмор без да видиш хороскоп. Погледни го тука.

Мите Х.




Медиумите поттикнуваат празноверие и суеверие. Зошто!?!
http://media.mk/life/14979-%D0%BD%D0%B5-%D1%82%D1%80%D0%B3%D0%B0%D1%98-%D0%BD%D0%B0-%D0%BE%D0%B4%D0%BC%D0%BE%D1%80-%D0%B1%D0%B5%D0%B7-%D0%B4%D0%B0-%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B8%D1%88-%D1%85%D0%BE%D1%80%D0%BE%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF-%D0%BF%D0%BE%D0%B3%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B8-%D0%B3%D0%BE-%D1%82%D1%83%D0%BA%D0%B0#.U5Te_nKSxl8


07 - 07 - 2014


ЗА

Македонски синдром: Не си на одмор ако не си некаде во странство – Парите ги оставаме во Грција

Мите Х.




Синдром? Како да е болест да сакаш да одиш на нормален одмор и да не „те одерат“ туроператори, а да не мораш од дома да си носиш кифлички, паштети и ајвари. Какво тешко лицемерие. А 99% од истите тие што граѓаните што одат на одмор во Грција ги прогласуваат за предавници, исто одат на одмор таму. Нашите најбогати и најугледни граѓани, бизнис елитата како еден бивш градоначалник што во супермаркетите ни вика да купуваме домашно, семејни пријатели на највисоките државни личности, имаат таму и купено и куќи. А не се Егејци да им се останати од дедо прадедо.
http://mkd-news.com/makedonski-sindrom-ne-si-na-odmor-ako-ne-si-nekade-vo-stranstvo-parite-gi-ostavame-vo-grtsija/


07 - 07 - 2014


ЗА

1000 граѓани годишно ја напуштаат Македонија

Мите Х.




Само по 1000? Без никаква ограда од медиумот?? Без никаква споредба со податоците од Светска банка, за број на бугарски пасоши... Без никакво погледнување во сопственото семејство на новинарите и камерманите колку од нивните братучеди веќе не се тука... Во било к ое семејство! Глатко голтање на јадицата и пренесување пропаганден памфлет на владата во соучесништво со податоците на државниот завод за статистика. И нормално, тука е главниот стручњак да се цитира - Диме Спасов.
http://24vesti.mk/1000-gragjani-godishno-ja-napushtaat-makedonija


07 - 07 - 2014


ЗА

Не ја форсираме „Галичка Свадба“ оти во Галичник не живеат младоженци

Мите Х.




Спин: Еве само што не ги примиле нашиве предлози, само дека немаат пари нејќат! Ова се сите факти што може да се проверат! „Македонија има огромно универзално културно наследство кое заслужува да биде заштитено од УНЕСKО, велат упатените во овој вид заштита и промоција на културните вредности од минатото. Но, процедурите за влегување на некоја од листите во последните години се многу заострени. А не може да се игнорира ниту фактот што во последните две-три години, организацијата при Обединетите нации е во финансиска криза.“ „Според Лидија Топузовска, генерален секретар на Националната комисија на УНЕСKО, Македонија има огромно богатство кое заслужува да влезе на некоја од овие листи. Во таа група спаѓаат и црквите „Св. Пантелејмон“ во скопското село Нерези, „Св.Ѓорѓи“ кај кумановското село Старо Нагоричино и многу други. - Сите заслужуваат и може со нив да аплицираме. Но, потребна е повеќегодишна експертска работа за да се подготват добри досиеја и да ги номинираме спомениците. Претходно, нашата земја треба да ги прогласи за културно наследство, тоа е еден од условите - објаснува таа. Повеќе наши локалитети се на листата на чекање на УНЕСKО - Слатински Извори и Маркови кули кај Прилеп и археоастрономската опсерваторија Kокино кај Kуманово. - Сите тие ќе дојдат на дневен ред. Добро е што се на тентативната листа, бидејќи фигурира името на нашата земја - вели Топузовска.“ Зошто не кажат за аферата со Кокино, дека не е до парите на УНЕСКО туку дека нивниот „стручен тим“ ја има зафркнато апликацијата со ICOMOS. Тие дадоа негативно мислење дека Кокино е тоа што нашиве го претставуваат дека е. http://whc.unesco.org/archive/2012/whc12-36com-inf8B1-en.pdf „Нормално“, немаше никаква одговорност за тоа, туку само ја забашурија целата работа.
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=38C81587B20EB948B671ABCA79904372


07 - 07 - 2014


ЗА

Во Билазора имало владетелска палата кога во Атина куќите биле од ќерпич

Мите Х.




Какви спинови. Испаѓа дека Атина, која пред и во периодот на 5 и 4 век била најразвиената и најкултурната држава во светот, била само како некое село во споредба со Билазора. А никаде археолозиве на нашле доказ дека овие ископини на Градиште СЕ Билазора - никаков натпис не е најден за потврда, инаку ќе се фалеа со него. Самите наводи дека овие Пајонци „Тие биле најразвиени, до таа мерка како денес да ја споредувате Америка со Балканот.“ се поради тоа што тие биле најблиски до Античките Грци и од нив преземале елементи, како на пример градење палати за локалните моќници што микенските Грци го правеле 5 века ПРЕТХОДНО. Толкава е желбата да се докаже посебноста и развиеноста што се влегува во контрадикции што новинарите не смеат да ги дозволат, во интерес на читателот кој не смее да биде измамен. Најголема контрадикција е дека ем биле дел од античка Македонија, ем биле „независни“, ама биле независни заради тоа што и биле слуги, граничари. Јаката независност, нешто како „Независна Држава Хрватска“ во однос на Третиот Рајх. Многу ме интересира историја а во написот недостасуваат реални факти, на пример, колкава била таа палата, димензии, споредба со други палати во околината. На пример на други Пајонци, Илири, Тракијци, што друго е најдено. Уште еден глуп заклучок се носи „Според распонот на движните наоди и белезите на архитектурата, резиденцијалната палата била во употреба во 5 и 4 век пр.н.е. На подот откривме монети, една од нив е и сребрената монета на Александар Трети Македонски. Таа го датира точно времето на уривање. Тоа се случило кон крајот на 4 или почетокот на 3 век, но никако подоцна. “ Монета од Александар Трети Македонски можел да има било кој во периодот било кога ПОДОЦНА од тој крал, а никако ПОРАНО.
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=8D6F12163AA12044916DCC022195228F


07 - 07 - 2014


Претплатете се за најнови вести