verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

ЗА

Пропаганда за малоумни

Анонимен




Прочитајте ја оваа колумна од Бранко Героски: "Дел од насловите во вчерашен „Дневник“: „Протест поради задушените медиумски слободи во САД“. „Скопјанката Жана меѓу најценетите сексолози во Њујорк“. „Јапонците искажуваат емоции со македонски букви“. „На Илинден 320 авиони го прелетале Скопје“. И хитот на насловната страница: „За жените подобро на сиромашниот југ: Во Шведска 14 пати повеќе силувања отколку во Македонија“. Еве и неколку други бисери од овој весник од 4 август: „Македонците под Голо Брдо за европската политика на Албанија: Нема друг спас, ќе бегаме за Македонија“. „Трошење пари во ЕУ: Баросо потрошил за патувања колку сите комесари заедно“. „Ја напушти Виена за да диригира во Битола“. „Видан ја донесе Шведска во Свети Николе“. Истиот весник, на насловната на 2 јули: „Проститутките и дрогата ќе ја излекуваат ЕУ од кризата“. Нема ден „Дневник“, перјаница на груевистичката срање пропаганда, да не ја убедува јавноста како на „гнилиот“ Запад се живее тешко, оти таму царува корупција, медиумски мрак, дрога, проституција, сиромаштија, силувања и бесперспективност, додека Македонија е рај на планетава, земја во која се бара спас, која авионите со радост ја прелетуваат, од која се учи и за медиумските слободи и за сексот. Па добро, будали едни, ако е така, зошто тогаш Швеѓанкиве не почнат масовно да се преселуваат во Македонија, за да не бидат силувани, туку чесно сексани во љубов демохристијанска? Зошто цел свет не нагрне во нашата прекрасна татковина, кога на нив толку им е лошо, а на нас толку ни е убаво? И зошто половина милион Македонци за неколку години ја напуштија земјава и заминаа на Запад, за да ги малтретираат, да ги силуваат и да ги дрогираат? Мака ми е што вакви малоумни спинови се продаваат во мојот „Дневник“, во кој сега, како што читам, жари и пали Панде Колемишевски. Тоа е човекот чија медиумска империја (НИП „Нова Македонија“) пред петнаесеттина години се урна како кула од карти, токму поради ваквата бофл-пропаганда, налик на онаа од триесеттите години во СССР, од кога датираа и старите линотиперки со ознака „сделано в СССР“ и на кои се раѓаа блуениците на Пандевата новинарска преторијанска гарда. Вистинска трагедија за „Дневник“, некогаш тврдина на македонското слободно новинарство!"
http://plusinfo.mk/mislenje/1670/Propaganda-za-maloumni


21 - 08 - 2014


ЗА

Домаќинствата имаат три месеци да размислат од кого ќе купуваат струја

Nemam




„Граѓаните можат да изберат да ги снабдува со струја ЕВН, како и досега или еден од лиценцираните снабдувачи со електрична енергија во земјава. Листата ја има на веб-сајтотна Регулаторната комисија за енергетика.“ Па што не ставиле линк до листата, кога ст веќе веб „портал“?
http://plusinfo.mk/vest/148090/Domakjinstvata-imaat-tri-meseci-da-razmislat-od-kogo-kje-kupuvaat-struja


20 - 08 - 2014


ЗА

Нови четири случаи на листерија во Данска, Европа ја крстосува и салмонелата

Kire Kiroski




Се добива впечаток дека во Македонија луѓето се среќни што само петмина умреле од листерија наспроти Европа која е во епидемија.
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=8F76B78DA24EB9449C03312143A1B236


19 - 08 - 2014


Претплатете се за најнови вести