verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

ЗА

Убиецот на Лука “брка“ девојки во Будва?!

Анонимно




Насловов го скоцкале како сите ние со тој Лука да сме другари од маало, па мора да го знаеме по име. Толку се шашардисани во имитирањето на српските таблоиди што имаат изгубено осет дека на луѓето во Македонија воопшто не им значат ништо ни тие имиња, па ни тие презимиња. Или имаат директива да копираат секакви глупости да одвлекуваат внимание од реалните проблеми на Македонија.
http://www.kurir.mk/svet/region/169709-Ubiecot-na-Luka-brka-devojki-vo-Budva


26 - 08 - 2014


ЗА

текст едно, слика друго

Габриела




значи толку се прости и слепи новинарите (со чест на исклучоци), шо дури и кога крадат и препишуват не гледат дали е ист текстот со сликата. Битно информација се пласира. Текст за некој си Сергеј, слика од статус на Тони,
http://grid.mk/read/news/508395034/8321385/so-ovoj-status-na-fejsbuk-sergej-varoshlija-ja-shokirashe-javnosta


25 - 08 - 2014


ЗА

Гробот на Александар е во Македонија, што најдовме во Овче Поле!?

Академски Граѓанин




Веќе ретерираат за тврдењата што самите тие, и „истражувачите“ и медиумите блиски до власта, ги надуваа како балони. Написов е проблематичен како пропагандент памфлет, има многу работи што намерно се испуштени. Прво, ниту еден од тие „стручњаци“ и „истражувачи“ на чело со професорот Тентов (титулата намерно му ја нагласуваат за да го прикажат како авторитет) не е археолог. Тие може си се стручни за електрика, ама за темата на истражувањето сите до еден се лаици. Тоа новинарот мора да го објасни кога пишува за НАУЧНО истражување. И за демек научно. Кога некој нестручен дига џева и збира корист (па и троши туѓи пари) за нешто од област на стручност што ја нема, се нарекува шарлатен. Повторно го споменуваат и Каменот од Розета, теорија на Тентов што беше побиена од стручњаците по лингвистика, како покојниот академик д-р Петар Хр. Илиевски што објави стручна анализа во публикација од МАНУ (за која медиумите што „први дознаваат“ не известија во целата еуфорија за „Каменот“). Тоа исто така би требало да се спомене при секое појавување на Тентов во јавноста со споменување на „Розета“ - дека неговите „теории“ се надвор од неговото поле на стручност и дека никој од научниците лингвисти - кои се занимаваат со развојот на јазиците низ вековите, ги нема прифатено. Нивната „слава“ доаѓа само од политичката и медиумската поддршка во земјава, надвор се или предмет на игнорирање како глупост невидена или одат по некои леви конференции како во Русија пратени од државата и таму им викаат „аа многу интересно“ и после никому ништо, куртоазно ги испраќаат, бришат пот од чело и си викаат „човече какви б...“ Трето написот се користи за квалифицирање на наодот во Грција за кој Тентов ниту е стручен, ниту бил таму за да знае што е најдено, а што не е. Тоа е исто тешка манипулација. Промовираат некрофилија, оној делот дека Грците нема да имаат „стреќа“ да го најдат тој гроб е тотална пропаганда дека ние сме избраниот народ од Господа, затоа гробот мора „да се падне“ кај нас иако денешните државни граници се продукт на низа историски околности што немаат врска со Александар, ниту пак со некакво влијание на денешните властодшци, спонзори и на „истражувањето“ и на медиумсково покривање.
http://vecer.mk/makedonija/grobot-na-aleksandar-makedonski-e-vo-makedonija-a-vo-ovche-pole-se-krie-ogromna-grobnica


25 - 08 - 2014


Претплатете се за најнови вести