verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

ЗА

Зошто Иванов оди во Сочи?

Sisho Nestier




Злонамерно, тендециозно, без аргументи, се поставува прашање , а се добиваат одговори без врска со темата, малициозни, коментари, антидржавен текст, Баш ме интересира кога ќе направитеа нализа на ваков текст кој е полн со омраза и омаловажување!
http://www.makdenes.org/content/article/25253888.html


06 - 02 - 2014


ЗА

Во АРМ има помалку од 6% жени; ПЈРМ остана во преводот на анализата

Стефанија




Она што го сметам за некоректно во овој напис е фактот дека во реченицата од четвртиот параграф новинарот наведува дека преведувачите се тие што ја оставиле референцата ПЈРМ. Новинарот требало да се информира дека студијата ја преведувале преведувачи што не се вработени во МО туку преведувачи најмени од УНДП според тоа најмени од програма на ОН. Во ОН ние се’ уште се водиме под референцата. Ако новинарот веќе сакал да постигне некаква сензација со бесмислената забелешка, на сред текст, од нигде никаде, дека преведувачите нешто згрешиле, требало да праша зошто МО, како македонска институција што е должна да го исчисти документот од референцата, да го постави тоа прашање во МО и да види чија е грешката, а не директно или индиректно да наведува дека се работи за грешка на преведувачите.
http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=30023


06 - 02 - 2014


ЗА

Прочитајте и споделете: Ова се чудо – едноставни лекови за рак

Sanja




Срамота вакви текстови да се објавуваат, без никаква медицинска поткрепеност. Ова е сериозна тема и не смее да се користи со цел да се постигне поголема читаност. Барем да беше ставено во форма на претпоставка, или шпекулација, но не, текстот изгледа како тоа да се факти и веќе докажани лекови.
http://mkd-news.com/prochitajte-i-spodelete-ova-se-chudo-ednostavni-lekovi-za-rak/


02 - 02 - 2014


Претплатете се за најнови вести