verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

ЗА

„ Алармантно ширење на ХИВ: од 11 нови случаи, осум се од врска на маж со маж“

Драшко Костовски




- главните информации на кои се темели текстот сѐ уште не се публикувани. - Бројката на лица со ХИВ во објавената вест е далеку од алармантна имајќи предвид дека се работи за истражување со кое целно се интензивира тестирање за ХИВ во рамки на група која е од особен ризик за ХИВ (односно кај мажите кои имаат секс со мажи), што е во согласност со Националната стратегија за ХИВ 2012- 2016. Земајќи ги предвид дури и овие податоци, Македонија не влегува во земји со концентрирана епидемија кај одредени групи, и останува земја со ниска стапка на ХИВ. - Бомбастичната информација, употребената фотографија и терминологија не само што обвинува, дискриминира и го зајакнува стереотипите од осумдесеттите години на минатиот век дека една група на граѓани е виновна за епидемијата на СИДА, туку ги руши досегашните превентивни напори. Со оваа вест граѓаните на Република Македонија можат да помислат дека не се изложени на ризик од ХИВ само затоа што не припаѓаат на групата - мажи кои имаат секс со мажи. - не постојат ризични групи туку ризично однесување за ХИВ и дека целта на сите превентивни програми за ХИВ е да се зголемува бројот на лицата кои се свесни за својот ХИВ статус во рана фаза од ХИВ инфекцијата. Токму затоа од воспоставувањето на превентивни сервиси за групите од особен ризик преку програмата на Министерството за здравство и Глобалниот фонд во 2004 до денес бројот на лица кои се свесни за ХИВ статусот е трикратно зголемен. - Она што загрижува во Македонија е тоа што бројот на тестирања за ХИВ е сѐ уште многу низок (под 1% на годишно ниво).
http://www.dnevnik.mk/?ItemID=6FE0E0FC463D0D458D919F2E52826E76


19 - 03 - 2014


ЗА

Дали ова е исчезнатиот боинг? Сателит снимил авион над прашума (ФОТО)

Анонимно




Не е. Ова на сликата ниту е B777, ниту боите одговараат на малезиските авиони. Авион не упаѓа меѓу дрва и останува во едно парче. Ова е некој друг авион во лет сликан од сателит како лета над шума.
http://www.mkd.mk/svet/vesti/dali-ova-e-ischeznatiot-boing-satelit-snimil-avion-nad-prashuma-foto


19 - 03 - 2014


ЗА

Малезискиот случај покажа и дека ни летовите од Скопје не се безбедни

Ѓорѓи Симеонов




Каква врска има малезискиот лет со Скопје? Никаква! Каква е оваа вест? Иста таква! Збир на тропања без никаква основа. Па уште светската јавност се молела.
http://emagazin.mk/%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%B7%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D1%81%D0%BB%D1%83%D1%87%D0%B0%D1%98-%D0%BF%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D0%B6%D0%B0-%D0%B4%D0%B5%D0%BA%D0%B0-%D0%BD%D0%B8%D1%82%D1%83-%D0%BB/


18 - 03 - 2014


Претплатете се за најнови вести