verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

ЗА

Стискаат лајкови на реклами за да заработат пари

Dragan Denkovski




Текстот е површна будалштина, засновано на изјави на цели две (да, 2!) прашани личности (некоја Милена и извесна Оливера) и засновано на лаички претпоставки во врска со работење и заработување на интернет од кои новинарката нема благе везе, а не се ни обидела да прочепка и најде. Тврдењето "од ниту една од овие страници не ни одговорија колку луѓе заработуваат преку нив" како да било поттик да се засилат измислени претпоставки, а не мотив од други места да се побараат одговори. Текстот е неинформирачки и повеќе би го завел неупатениот читател, отколку што би го навел конкретно да дознае за можниот бизнис сугериран во насловот. Текстов е сосема бениген во однос на друг текст од истата авторка (http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=73780003BF673C488ACA09008D84EEA4), исто наводно заснован на изјави од пар особи, кој воглавно се чини дека е измислица и плод на фантазија, а е сосема ирелевантен како вест и како статија. Повеќе работа би завршил како трач во фризерница или пополнувач на тишина на приградска автобуска постојка. Најважно за мене, во заработување-на-интернет статија, се смешните износи (1.000 денари за шест месеци, 0.01 долар од клик, три месеца по петнаесет минути дневно за сеуште недобиено ни денар), како и општествените профили на прашаните (жена на трудничко боледување која не станува од пред компјутер, и вработена во голема компанија која има вишок време во склоп на работното време). Изворот `форумите на социјалните мрежи` не би го ни спомнувал, затоа што е потполна фантомштина.
http://dnevnik.mk/?ItemID=6DD86B51B661DA439C55340A37386321


07 - 10 - 2014


ЗА

Скопје ги намалува емисиите на стакленички гасови

Ајван Доктор




Очигледно некој мисли дека е доволно да се напише или каже дека ги намалуваме стакленичките гасови за да тоа успее!Во градот во кој снема повеќе од половина од зеленилото,во градот во кој никнаа згради каде не требаше и каде создаваат нова загушлива зона,однапред прогласуваме дека сме ги намалиле загадувањата и дека,ете,работиме на обновување (одржување) на енергијата!Дрвата и натаму неконтролирано се сечат затоа што биле „стари“и „штетни“!Во светов се фалат со по стотици и илјада години стари дрвја и прават сè за да ги заштитат,градат згради со градини,жителите сами формираат зелени оази во кои садат и одгледуваат најразновидно зеленило,градат посебни штедливи населби,дури и старите ги претвораат во енергетски ефикасни,а ние го претворивме Скопје во бетонска стиропор димна џунгла уништувајќи сè што е зелено!Очигледно ќе поставиме неколку соларни колектори на крововите,ќе купиме 3-4 електромобили и со тоа ќе прогласиме дека сме ја завршиле работата со обновлива енергија!(Да не говорам за железара!)
http://www.utrinski.mk/?ItemID=FD1326A7732BC04FBAA3B7E20453C200


03 - 10 - 2014


ЗА

Србија го предупредува својот народ за масовно убиство кое се одвива преку нашето небо

Марко




Ај проверете ми неколку работи во врска со написов: 1. Дали тој Никола Алексиќ е стварно претседател на еколошкото движење на Србија. Кога го прочитав насловот мислев дека српската држава предупредува, после испадана еден човек било. 2. Насловот вика „преку нашето небо“. Тоа значи дека од македонското небо во Србија се врши масовно убиство, бидејќи Тинк.мк е базиран во Македонија. Многу силно обвинение. 3. Ова е лага: „цел свет зборува за чемтрејлс, за нив говорат сите влади во светот, па и организациите како што се ОН и НАСА“. Ако некогаш некој нормален прозборел за чемтрејлс, тоа било да каже дека целата таа теорија на заговор е чиста глупост.
http://think.mk/2014/09/29/srbija-go-predupreduva-svojot-narod-za-masovno-ubistvo-koe-se-odviva-preku-nasheto-nebo/


02 - 10 - 2014


ЗА

ФОТО: Претера ли славната двојка со уредувањето на собата за своето бебе?

L. M.




Скандал: Курир критикува претерување! Бонус: Личи на плоштад Македонија
http://www.kurir.mk/magazin/scena/172973-FOTO-Pretera-li-slavnata-dvojka-so-ureduvanjeto-na-sobata-za-svoeto-bebe?utm_source=feedburner&utm_medium=feed&utm_campaign=Feed%3A+kurir%2Fmagazin%2Fscena+%28%D0%9A%D1%83%D1%80%D0%B8%D1%80+-+%D0%9C%D0%B0%D0%B3%D0%B0%D0%B7%D0%B8%D0%BD+-+%D0%A1%D1%86%D0%B5%D0%BD%D0%B0%29


01 - 10 - 2014


Претплатете се за најнови вести