verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

ЗА

СДСМ и СОРОС продолжуваат со лаги дека ќе има екстерно, за да ги манипулираат студентите

Марина




Манипулација од страна на медиумот, каде што се употребува и мој лично напишан текст и притоа се извртува вистината. Поимот екстерно тестирање е користен од креаторите на реформата.
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/180208-SDSM-i-SOROS-prodolzuvaat-so-lagi-deka-ke-ima-eksterno-za-da-gi-manipuliraat-studentite?utm_source=feedburner&utm_medium=feed&utm_campaign=Feed%3A+kurir%2Fmakedonija+%28%D0%9A%D1%83%D1%80%D0%B8%D1%80+-+%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%29


26 - 11 - 2014


ЗА

Шокантно: Вакцинираните деца имаат до 500% повеќе болести од невакцинираните

Nikola




Срамота е да се пишува за „научни студии“ без наведени цитати и референци...и пострашно да се носат заклучоци кои воопшто немаат смисла со изведената студија. Дури и наједноставно „гуглање“ посочува на статија (стара 3 години) која го побива горенаведениот „научен“ спектакл. (http://scienceblogs.com/insolence/2011/08/31/an-anti-vaccine-administered-survey-back/ ).
http://www.maxim.mk/shokantno-vakciniranite-deca-imaat-do-500-povekje-bolesti-od-nevakciniranite


24 - 11 - 2014


ЗА

Лидерот на лозарите во затвор

Сашко




Сметам дека, делотовите (Таа се однесува на неплаќање по судска одлука која се однесува на приватниот живот на првиот лозар и нема никаква врска со лозарството и неговата лидерска позиција во Здружението.); (- Мораме да нагласиме дека иако Аризанов сметаше дека суската одлука не е во ред, тој се помири со судбината. Но, со оглед на незавидната состојба во која се наоѓаат лозарите како последица на тоа што некои од винариите манипулираат со исплатата на грозјето, тој немаше пари за да плати согласно на одлуката на судот. Не му остануваше ништо друго освен наместо да плати, да ја замени паричната казна со затвор и да ја одлежи во гевгелискиот затвор-категорични беа блиските на Аризанов.); (Тие додадоа дека многу пати во јавноста имало обиди да се оцрни личноста на претседателот на Агротиквешија со тоа што се пласирале невистини околу тоа дека на ваков или таков начин профитирал од позиција на лидер на лозарите. - На сите нив треба да им биде јасно дека никој не би лежел во затвор доколку има пари да си ја плати паричната казна. Факт е дека лозарите со години наназад крпат крај со крај а од таквата безизлезна ситуација во која се наоѓаат не е исклучок ниту првиот лозар-рекоа за Дневник. Во сета несреќа, можеби единствената среќа е, кажаа тие, тоа што затворската казна му доаѓа во време кога грозјето е веќе обрано и во лозјата нема многу работа. Инаку, штетите за него би биле многу поголеми.), овие делови сметам дека не се битни за јавноста. Кога објавуваме информација, дека некој е во затвор, кажуваме која е причината или само известуваме дека е во затвор. Веста треба да биде кратка и јас, во вид на известување, во моментот кога ќе има повеќе информации тогаш веста може да се прошири.
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=2D45862D6C25774B99573B0578E45FCD


22 - 11 - 2014


ЗА

Сител ексклузивно од местото на кое баба Ванѓа станала видовита

Цветот




Не ја разбирам значајноста на ваков тип на вест во ударен термин или воопшто било кој термин на вести. Слично како 10 минутната репортажа, исто во вести, за постапката на изолација на вирус од човеково тело?!
http://sitel.com.mk/sitel-ekskluzivno-od-mestoto-na-koe-baba-vangja-stanala-vidovita


22 - 11 - 2014


Претплатете се за најнови вести