verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Предлабоко со коментари за вест, преплитко за коментар или анализа

on 23 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #201 - 'LR-PDSH dhe “Besa” po i matin muskujt mes protestave I AKTUALE_MK' - www_aktuale_mk_lr-pdsh-dhe-besa-po-i-matin-muskuj

Напис: ДР-ДПА и Беса преку протестите ги мерат своите сили

Дали протестите се претвараат во една арена на политичка трка меѓу малите вонсобраниски партии на Албанците, за тие да ја покажат својата доминација кон една друга партија?

По низата неуспеси на „малите“ за да ги соединат силите, особено Беса и ДР-ДПА (судирите и политичките каприци меѓу нив продолжуваат), тие сега се обидуваат да ги измерат силите преку протестите, кој ќе собере неколку луѓе повеќе.

За утре, Опозицискиот совет, кој за соорганизатор го има движењето Беса, закажал протест за настаните во Куманово или за Денот на Европа, како што сакаат да надоврзат тие. Сличен ваков протест организираше и Алијансата за Албанците предводена од ДР-ДПА и делот од НДП кој е на страната на Весел Мемеди.

И едно од прашањата кои произлегуваат е токму тоа дали целта на протестот на Опозицискиот совет е да ја спореди силата со ДР-ДПА, која неодамна одржа протест.

По ова е јасно дека борбата за доминација кај опозициските партии на Албанците продолжува, особено околу тоа кој ќе доминира на политичката сцена спроти ДПА, сега веќе како главна опозициска партија на Aлбанците.

[Рецензија: ДР-ДПА и Беса преку протестите ги мерат своите сили]

Задача на новинарот е да ја информира јавноста правилно и точно. Текстот што е предмет на рецензијата има многу шпекулации, непотврдени тези и содржи елементи на коментар, што го прави текстот да биде надвор од новинарските правила за една содржина од информативните жанрoви.

LR PDSH dhe “Besa” po i matin muskujt mes protestave AKTUALE.MKЛинк до оригиналниот напис: ДР-ДПА и БЕСА преку протестите ги мерат своите сили

Датум и време на објавување: 08.05.2016

Датум на рецензирање: 19.05.2016

Рецензент: Бењамин Арифи

 

Доколку новинарот нуди една теза, тогаш тој е обврзан тоа да го поддржи со факти. Авторот во насловот на текстот кажува дека ДР-ДПА и Беса преку протестите ги мерат своите сили, но за овие тврдења тој не понудил барем еден аргумент, проценка од некој релевантен извор или доказ дека се обидел да им ги наметне на читателите своите убедувања.

„По низата неуспеси на „малите“ за да ги соединат силите, особено Беса и ДР-ДПА (судирите и политичките каприци меѓу нив продолжуваат), тие сега се обидуваат да ги измерат силите преку протестите, кој ќе собере неколку луѓе повеќе“.

Под текстот, поставено е прашањето „дали целта на протестот на Опозицискиот совет е да ја спореди силата со ДР-ДПА, која неодамна одржа протест“ , демантирајќи го вака самиот наслов на текстот, каде авторот не посочил ниту еден сомнеж дека протестите се прават за овие две партии да ги измерат силите.

Доколку новинарот ја навел оваа дилема, тогаш тој требало да ги контактира субјектите споменати во текстот и да ги праша нив која е целта на организирање на нивните протест, како и да земе проценки од компетентните експерти и политиколози за ова. И вака како што е, ќе беше поинаку доколку овој текст се наоѓаше во секцијата за мислења, но и за таму, личните проценки би барале малку подлабоко аргументирање од тоа што се нуди.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

несензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести