verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Прашање во насловот за кое нема одговор во текстот

on 12 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #172 - 'Drini_mk – Pse Bilall Kasami nuk pranon të përballet me Ziadin Selën në televizion _!' - drini_mk_pse-kasam-bilalli-nu

Напис: Зошто Билал Касами не прифаќа да се соочи со Зиадин Села на телевизија?!

Вечерва во емисијата „Патот кон“ на „Алсат-М“, новинарката Арта Тахири дебатираше со претседателот на движењето Беса, Билал Касами, со Фадил Зендели од НДП и со аналитичарот Арсим Синани.

Во оваа дебата се зборуваше за обединувањето на албанската опозиција, при што Билал Касами изјави дека не сака да се соочи со Зиадин Села во телевизиски дебати, бидејќи, како што образложи тој, не сака да се кара и да ја подели албанската опозиција. Касами изјави дека Зиадин Села не го повикал на телефон за да му понуди соработка и индиректно го посочи како виновник за необединувањето на опозициските партии.

[Рецензија: Зошто Билал Касами не прифаќа да се соочи со Зиадин Села на телевизија?!]

Прашањата од општ јавен интерес мора да се разјаснат за јавноста. Затоа новинарот има право да постави јавни прашања. Меѓутоа, новинарот за прашањата што ги поставува треба да најде одговор, за да ѝ објасни на јавноста подобро, поточно и објективно за проблемот што го третира.

download (3)Линк до оригиналниот напис:Зошто Билал Касами не прифаќа да се соочи со Зиадин Села на телевизија?!

Датум и време на објавување: 28.04.2016

Датум на рецензирање: 03.05.2016

Рецензент: Џенис Сулимани

Новинарскиот производ што го рецензираме поставува прашања, но не се обидува да одговори на нив. Овој пристап ја прави веста тенденциозна и еднострана.

Текстот зборува за една телевизиска дебата, која новинарот не ја пренесува на објективен начин. Во воведот се кажуваат учесниците во телевизиската дебата, додека содржината новинарот ја фокусира само во изјавата на еден политичар, што ја толкува по своја волаа, воопшто не цитирајќи ја изјавата на истиот.

„Во оваа дебата се зборуваше за обединувањето на албанската опозиција, при што Билал Касами изјави дека не сака да се соочи со Зиадин Села во телевизиски дебати, бидејќи, како што образложи тој, не сака да се кара и да ја подели албанската опозиција. Касами изјави дека Зиадин Села не го повикал на телефон за да му понуди соработка и индиректно го посочи како виновник за необединувањето на опозициските партии“.

Текстот не е целосен бидејќи не ги пренел сите страни во дебатата. Значи, не е сеопфатен. Привлекол еден момент во дебатата и од наслов го поставил прашањето што му го насочил на претседателот на движењето Беса, но не се обидел да земе изјава директно од него. Значи, во текстот не можеме да го најдеме одговорот на прашањето што е поставено во насловот.

Новинарските производи треба да бидат објективни и сеопфатни. Етичкиот кодекс на новинарите нè учи дека „одбирањето на фактите мора да обезбеди објективна информација, имајќи ги предвид сите важни аспекти на предметот што се третира“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести