verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Познато сценарио: Политичко „фарбање“ на „Шарената револуција“

on 27 - 09 - 2016       

telegraf

[Рецензија: ПОЗНАТО СЦЕНАРИО: Преку „шарените“ Заев спрема терен за уште едно одлагање на изборите]

 

Еднострана објава со тенденциозен, сензационален наслов насочена кон напад на политички противник, со употреба на коментари кои укажуваат на политичка пристрасност. Активностите на опозициската партија се ставаат во контекст на протестот на „Шарена револуција“ без понуда на јасен извор на информации, со кои би се потврдила поврзаноста за која се тврди дека постои.

poznato-scenario-preku-sharenite-zaev-sprema-teren-za-ushte-edno-odlaganje-na-izboriteЛинк до оригиналниот напис: ПОЗНАТО СЦЕНАРИО: Преку „шарените“ Заев спрема терен за уште едно одлагање на изборите

 Датум и време на објавување: 26.9.2016, 11:23

Датум на рецензирање: 26.09.2016

Рецензент: Александар Пешев

ВИРТУЕЛЕН ДОКАЗ

Во воведот на текстот се говори за „доказ“, а не се презентираат никакви податоци што би го поддржале тврдењето ниту, пак, се прави атрибуција на користени извори. Наместо тоа, се редат коментари против  СДСМ. Имајќи предвид дека нема информации дали прозваната страна, поточно опозициската партијата, е побарана за коментар на ваквите тврдења, имаме јасно воочлива политичка пристрасност.

„Денешниот протест на приврзаниците на опозицијата е за да се изврши притисок за ново одложување на изборите, коментираат познавачите. Според нив, протестот на „Шарената револуција“ има цел да подготви терен за ново, трето одлагање на изборите“.

Кои се тие упатени и зошто не се идентификувани? Ако ова се нивните тврдења, тогаш зошто не се употребува цитат со име и со презиме? Ако овие „упатени“ не сакале да се идентификуваат, обврска на медиумот е да посочи дека изворот инсистира на анонимност. Но, наместо тоа, имаме коментари кои не се атрибуирани на никаков извор, ниту официјален, ниту анонимен или неофицијален:

„Заев е свесен дека изборите се ближат и рејтингот на СДСМ никако да се зголеми, па посегнува по познатото сценарио со кое двапати се одложија изборите“.

НЕИЗДРЖАНИ ТВРДЕЊА

Тука текстот излегува од фокусот кој во воведот е ставен на „Шарената револуција“ и прави преглед на случувањата на политичката сцена. И во овој дел од написот не изостануваат неиздржани тврдења, како тие дека опозициските министри во Владата се подготвени да се повлечат, а изворот на ваквите информации не е наведен.

Потоа, фокусот повторно се враќа на „Шарената револуција“, при што се прави нов спин:

„Протестот што денеска го организираат „шарените“ е за поддршка на специјалното јавно обвинителство, кое изминатиот период е предмет на исмевање во јавноста откако Катица Јанева се изрезили со интервјуто за МТВ, во кое не можеше ниту да ги прочита спремените одговори“.

Од сите изрази до овој дел на објавата, фактите се застапени само во таканаречените  „бекграунд-информации“: дека протестот е за подршка на СЈО, што е јасно најавено на социјалните мрежи и дека датумот за предвремени избори бил одлаган двапати. Кон овие факти се прилепени коментари за кои не се презентирани докази.

ДИСКРЕДИТАЦИЈА

Единствена изјава во форма на цитат во текстот е изјава од професорката Тања Каракамишева. Ставот на професорката е јасно атрибуиран, но текстот во продолжение, наместо да се фокусира на извори на информации и да продолжи со цитирање на соговорници, ниже дополнителни коментари:

„Доказ дека Заев повторно се надева оти амбасадорите ќе го спасат од нов изборен пораз е писмото што тој им го испрати, во кое недвосмислено споменува одлагање на изборите“.

Кој го вели ова? Кој е изворот на информации? Зошто претходно цитираниот соговорник не бил консултиран за став и за ова прашање, па да се избегне коментирањето? Наместо одговор на овие прашања, имаме враќање на заднински информации околу ставовите на Заев и на Јанева, со што текстот целосно се дефокусира од првичниот јасен напад на  „шарените“ и навлегува во политички води. Објавата завршува со ставот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, чија изјава, случајно или не, се надоврзува со коментарот околу одлагањето на изборите, со децидно тврдење дека избори мора да има.

Сè на сè, имаме лошо конструирана еднострана спинерска објава на која фокусот првично е ставен на „Шарената револуција“, со недокажани тврдења околу целта на собирот. Потоа, фокусот се преместува кон политичката ситуација со видлива намера за дискредитација на најголемата опозициска партија и на Специјалното јавно обвинителство.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

селективно наведен автор (извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести