verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Радио МОФ: Повик за учество на новинарска работилница на „Д фестивал“

on 30 - 06 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Za-MOF-Copy-702x336

Радио МОФ во соработка со „Д фестивал“ организира „Радио МОФ медиа деск“, новинарска работилница што ќе се одржи во Дојран од 17 до 19 јули.

Работилницата ќе функционира за време на трите фестивалски денови, од 12 до 18 часот и ќе преставува редакција од млади новинари кои под уредништвото и под менторството на новинарот Жарко Настоски ќе пишуваат за музичките настапи на: Ману Чао, Вилкинскон, Џајковски и Ти-Кеј Вондер, „Бед копи“, „Љубојна брас фантази“, „Фолтин“, „Електрични оргазам“,„ЗАА“, „Културно-уметнички работници“, „Фулиш грин“, „Бла бла бла“, „Баилдса“, „Пи-Ем-Џи Колектив“, „Драменбрас трио“, „Ретро кабаре“, „Опатница“, „Новиот почеток“, „Фјурион“, „Поинт бленк“, „Џун“, „Брука бенд“ и многу други, кои ќе настапуваат за време на „Д фестивал“.

Младите новинари ќе имаат задача да пишуваат и за работилниците на повеќе организации како Младински образовен форум, Македонски центар за меѓународна соработка, Македонската платформа против сиромаштија, Борка, ХОПС, Контракадар, Слем поезија.

Целта на работилницата е учесниците низ практичната теренска работа да ги подобрат своите новинарски вештини.

Повикот за учество на работилниците е отворен за сите млади што сакаат да го збогатат своето новинарско искуство и знаења, но и да се инспирираат и да научат повеќе од искусните новинари. Работилницата е наменета за млади новинари кои сакаат да пишуваат и да истражуваат и кои имаат интерес да научат повеќе за новинарското покривање на фестивалски манифестации.

Избраните учесници ќе добијат своја прес-акредитација која им овозможува пристап зад сцената за да може да ги интервјуираат изведувачите, а воедно добиваат и влез за трите фестивалски денови и бесплатен камп.

Работниот јазик за работилницата е македонски. Сите заинтересирани за аплицирање, треба да се пријават со пополнување на апликацијата, најдоцна до среда (8 јули) напладне.

Текстовите што ќе бидат изработени во текот на работилницата ќе бидат објавени на блогот на „Д фестивал“, како и во весникот што ќе се издава за време на фестивалот.

Извор: Радио МОФ, 29.06.2015.

Претплатете се за најнови вести