verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Повик за млади новинари, фоторепортери и блогери: „По стапките на Албер Лондр“

on 4 - 05 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Граѓаните на Македонија кои ги интересира истражувачко новинарството или фоторепортерството ги повикуваме да ни се придружат на патувачкиот семинар „По стапките на Албер Лондр“. Овој патувачки семинар ги спојува сите видови новинарство и им дава можност на студенти по новинарство или комуникација или млади професионалци да истражуваат за Првата светска војна на Балканот.

Семинарот е инспириран од писанијата на новинарот репортер Албер Лондр и се одржува веќе четири години низ Балканот и во Франција. Во рамки на годинашниот семинар насловен „По стапките на Источниот фронт“ предвидени се патувања во Македонија, Албанија и во Грција по стапките на војниците кои се бореле на Балканот.

Семинарот „По стапките на Албер Лондр“ ќе се одвива од 1 до 20 август 2015 година и е отворен за двајца студенти по новинарство или комуникации од Македонија на возраст од 18 до 26 години, кои зборуваат француски јазик.

Семинарот дава уникатна можност за студентите кои се стремат да се занимаваат со истражувачко новинарство или фоторепортерство да истражуваат на терен предводни од искусни новинари и фоторепортери. Паричното учество за 20 дена во семинарот изнесува 3.000 денари со кои се покриени целокупните трошоци за пат, сместување и за храна.

Крајниот рок за испраќање на кандидатурите е 15 мај.

Кандидатите треба да испратат биографија, мотивациско писмо (на француски јазик) и резултати од претходна работа (написи, фотографии, блог итн.) на следниве е-маил адреси:

Семинарот „По стапките на Албер Лондр“ е организиран во рамките на програмата за мултилатерална соработка Франција/Балкан, во партнерство со Pays Vichy Auvergne, Регионалниот совет на Долна Нормандија, Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА) и Канцеларијата за соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија во Скопје.

За повеќе информации посетете ја интернет-страницата на проектот: www.sur-les-pas-d-albert-londres.fr.

 

Извор: Децентрализирана соработка Долна Нормандија-Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести