verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Половични информации може да поттикнат дискриминација, омраза или насилство

on 27 - 09 - 2019       

Важните информации не можат да се пренесат само со неколку зборови и без официјални извори. Вестите за одредени судири од религиозно потекло секогаш го привлекуваат вниманието на читателите, затоа претпазливоста кога се информира за такви прашања мора да биде на високо ниво. Информацијата што ја разгледуваме не ги почитува новинарските принципи.

Fotografi nga lajmi që recensohet

Фотографија од веста што се рецензира

Линк до оригиналниот напис: Полицијата со инспектори оди во џамијата во Струмица за да го намали тонот на езанот (ВИДЕО) : Policia me inspektorë shkon në xhaminë e Strumicës për t’a ndalë zërin e lartë të ezanit (VIDEO)

Датум на објава: 13.09.2019

Датум на рецензија: 22.09.2019

Рецензира: Фатлуме Дервиши

Од видео снимка обезбедена од некои медиуми се забалежува активност за која велат дека е обид на струмичката полиција да ги натера одговорните лица од џамијата да го намалат нивото на звукот на уредот што го пренесува езанот (исламски повик за молитва што го упатува одговорното лице од минарето на џамиите- н.з.). Според истите медиуми, во видеото се прикажани жителите на засегнатата населба, кои се против потегот на полицијата. Информацијата дадена без дополнително објаснувања го збунуваа читателот повеќе отколку што го информира.

Недостаток на извори за да се потврди веста до крај

Извор на информирање за да се разјасни ситуацијата дадена во овој случај се институциите, џамијата, струмичката полиција, Општина Струмица и др.

  • Освен опис на ситуацијата, авторот не му нуди на читателот ниту еден друг детал.
  • Како дошло до петицијата на жителите од другите религиозни заедници – не се дава никаква информација, но се претпоствува дека тие што ја потпишале петицијата им припаѓаат на другите заедници?
  • Кој е ставот на муслиманската заедница која излегла на улица за да се спротистави на ваквиот чин?
  • Кој е ставот на општината и полицијата?
  • Колку имаат право властите да превземаат вакви акции? И друго…

Овие се многу битни прашања и потребни на кои авторот не се обидел да им најде одговор.

Во истата населба се наоѓа една црква, но таа никогаш не претставувала проблем за локалните жители од муслиманската заедница.” се вели во веста што ја прегледуваме.

Ова е фарса на авторот но ако не го велат жителите тогаш се смета како поттикнувачка, субјективна и пристрасна и воопшто не е неопходна.

Етичкиот кодекс на новинарите е јасен, а авторот не го почитува:

„Новинарот нема свесно да креира или обработува информации што ги нарушуваат човековите права и слободи, нема да користи говор на омраза и нема да поттикне насилство или дискриминација од која било основа (национална, верска, расна, општествена, јазична, политичка, или врз сексуална ориентација…) “

 

Техники на манипулација

Авторот се потпира на недостаток на контра докази за да го прикаже како вистинито само она што го гледаме во видео материјалот. Тој исто така користел случајни аргументи за да го објасни настанот во целост, но без да формира целосен мозаик и не обезбедувајќи го соодветениот контекст.

За читателите: Не бидете жртва на медиумско поттикнување, барајте го контекстот на настаните

Без оглед на личното убедување и проценката на авторот, секој настан мора да се третира објективно за да се добие пореална слика за тоа што се случило. Без тоа, таквите информации можат да поттикнат само омраза врз религиозни основи, без да се знае вистината која може да биде различна ако ги прашуваме сите засегнати страни да ја опишат ситуацијата.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести