verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Политички пристрасен и сексистички текст

on 14 - 02 - 2017       

maktel

[Рецензија:  (ФОТО)БРУКА: Државниот секретар во МВР од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Сања Димитриевска, на доделувањето на донацијата од ЕУ се појави во минич ДО****АК во стилот на ЅВЕЗДЕ ГРАНДА!]

 

Написот е недоличен, во него целосно затаиле новинарските етички и професионални стандарди. Целта на текстот не е да информира, туку да навредува и да го урне дигнитетот и кредибилитетот на државниот секретар во МВР, Сања Димитриевска.

Мактел1Линк до оригиналниот напис:  (ФОТО)БРУКА: Државниот секретар во МВР од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Сања Димитриевска, на доделувањето на донацијата од ЕУ се појави во минич ДО****К во стилот на ЅВЕЗДЕ ГРАНДА!

Датум и време на објавување: 12.02. 2017

Датум на рецензирање: 14. 02. 2017

Рецензент: Димитар Тануров

 

 

НЕВКУС

Вулгарниот наслов навестува каков текст може да се очекува – навредувачки и коментаторски. Написот  се фокусира на изгледот и на облеката на Димитриевска, а не на самиот настан.

Темата што се обработува е сосема несоодветна на категоријата во која е објавен текстот. Ваквите текстови, кои се фокусираат на облеката на некоја јавна личност, не се за категорија „Македонија“, во која се објавуваат сериозни информации за случувањата во земјата, туку се пласираат во некоја позабавна и порелаксирачка категорија, како, на пример, „Мода“, „Стил“. Имајќи предвид дека медиумот нема такви категории, веројатно текстот би бил посоодветен за рубриката „Забава“. Вообичаено ваков тип содржини се прават за големи настани, како, на пример, „Греми“, „Оскар“ и други манифестации каде се коментираат ѕвездите. Дури и кога се коментираат лица од општествениот живот, на пример, облеката на првата дама на САД, реномираните медиуми, па дури и блогови, не ги објавуваат написите во категоријата „вести“.

„Добро мори снао, ти имаш ли осет?!

У минич до***њак, вака може си искачала у диско до пред некое време, ама сега си безмалку заменик министер за МВР, на доделување на донација на ЕУ, пред сите медиуми во први редови седната, нели можеше да облечеш малку подолга сукња за да не ти се гледа за малку и п****та да му е**м м**ер значи?!?!“

Според формата на содржината, таа не би можела да се класифицира според стандардите за новинарски жанрови, бидејќи не претставува ниту вест, ниту коментар, особено затоа што не се запазени правилата за пишување на вакви информативни текстови. Ова повеќе наликува  на „хејтерски“ статус на социјална мрежа.

 

ПРИМИТИВИЗАМ

Јазикот кој се корсти е крајно примитивен и несоодветен за материјал што претендира да се нарече новинарски производ. Дури и во вестите што се однесуваат на мода, каде јазикот на изразување е помалку формален и стегнат, не се дозволени навредливи зборови и вулгарни жаргонски изрази како што се „стока“ и „до***њак“.

Главната поента на овој шовинистички и сексистички текст се врти околу изборот на облека на Димитриевска, кој, пред сè, е изговор за да се направи паралела дека таа веројатно „преку кревет“ напредувала, што е крајно невкусно и надвор од сите стандарди.

„Она може мисли дека вака со миничот брзо напрдувала у партија, па вака треба и во министерство за да догура до министерка?!“

Ако веќе зборуваме за изгледот и за облеката на Димитриевска, таа е облечена според правилата за деловна облека, односно затворено деколте и здолниште кое е некаде веднаш над колената. Сепак, не треба да се биде некој експерт и познавач од модни детали за да се знае дека при седнување секое здолниште се повлекува нагоре, но на оваа должина тоа воопшто не изгледа вулгарно. Доколку здолништето беше толку кратко како што се тврди во написот, при седење, бедрата ќе беа речиси целосно голи. Во крајна линија, доколку се сметало дека Димитриевска била несоодветно облечена за пригодата и за функцијата што има, тоа можело да се каже на поинаков начин, со внимателчно одбрани зборови. Но, намерата на овој текст е да плука и да напаѓа одредена личност поради нејзината партиска определеност.

Со написот се кршат повеќе членови од Кодексот на новинарите, кој налага објавување точни, проверени информации, да се користи литературен стандарден јазик, кој истовремено не етикетира и не дискриминира, а новинарот треба да прави разлика меѓу веста и коментарот и да обезбеди професионална дистанца при информирањето.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

полова дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести