verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Политичка парола има, информација нема!

on 15 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

ohrid skay

[Рецензија: ВИДЕО:Зоран Заев , денес им оддржа лекција на напудрените министерчина и на Груевски како се помага во настраданите подрачја]

Актуелен настан, исклучителни околности во кои се случува, со актер кој е високопрофилна политичка фигура, а веста која им се соопштува на читателите – нула. Се работи за веста дека претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев, ги посетил поплавените делови на Скопје, донел помош и дури се фатил и самиот да помага во некои од куќите кои ги посетил со својата делегација. Веста, со сите детали, ја пренесоа бројни медиуми во земјата, но, за разлика од нив, ова писание се состои само од една единствена реченица, која е всушност став, односно мислење и не ги содржи потребните елементи што сочинуваат една новинарска вест. Наместо информација, читателите добија евтина политичка парола која изгледа невкусно.

Рецензија: Политичка парола има, информацијата барајте ја на друго место!Линк до оригиналниот напис:  ВИДЕО:Зоран Заев , денес им оддржа лекција на напудрените министерчина и на Груевски како се помага во настраданите подрачја 

Датум и време на објавување: 8.08.2016

Датум на рецензирање: 11.08.2016

Рецензент: Југослава Дуковска

 

НУЛА ОД ВЕСТ

Реченицата гласи:

„Зоран Заев , денес им оддржа лекција на напудрените министерчина и на Груевски како се помага во настраданите подрачја“ 

По ниеден критериум ова не може да се третира како вистинска информација бидејќи освен што одговара на прашањето „кој“, нема ниедна друга релевантна содржина. На прашањето „што“, одговорот што се нуди е:

„им одржа лекција како се помага во настраданите подрачја“.

Но, таа општа флоскула не значи ништо иако од приложените снимки и фотографии може да се насети дека лидерот на СДСМ при посетата на поплавените и физички се ангажирал да помогне. Нe e даден ниту одговор на прашањето „каде“. Јасно е дека се работи за подрачјата што се поплавија на 6 август годинава, но каде точно бил Заев, читателите не знаат.

За разлика од ваквиот приод, другите медиуми за истиот настан известуваа далеку поцелосно и поисцрпно, па оттаму читателите, односно гледачите можеа да дознаат дека Заев со делегација ги посетил Ченто, Стајковци и Сингелиќ и што точно таму работеле („Со специјализирани возила се испумпува водата, волонтерите и екипите ги чистат насобраните нечистотии, се носи вода, храна и други неопходни хигиенски средства“).

Поради ова, од аспект на содржајност, ова писание кое претендира да биде некаква вест, е нула од вест. Затоа, пак, пристрасноста, односно необјективноста кај него се мери со астрономски цифри.

Ако идејата на написот била подбивање со власта и фаворизирање на постапките на опозициски личности, тоа е направено на мошне аматерски начин. Едно е сигурно, информацијата е ставена во втор план.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

селективно наведен автор (извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести