verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Полицијата не се нафрли на средношколците на протестот за чист воздух

on 24 - 12 - 2019       

 

[ На грст стрдношколци со гас-маски нагрна полиција вооружена до заби]

Насловот на текстот што го рецензираме дезинформира за случувањата на протестот за чист воздух кој се одржа на 20 декември, а на кој доминираше присуството на средношколците. Од насловот се добива впечаток дека полицијата ги плашела и им се заканувала на средношколците додека протестираа. Бројот на средношколци воопшто не беше мал, а не се доби ниту впечаток дека полицајците се побројни на тој протест.

Линк до оригиналниот напис: На грст стрдношколци со гас-маски нагрна полиција вооружена до заби

Датум и време на објавување: 20.12.2019

Датум на рецензија: 23.12.2019

Рецензира: Силвана Жежова

Денешниот протест на средношколците беше проследен од припадниците на полицијата кои наоружени до заби и со панцири се поставија пред младите кои со гас-маски протестираат барајќи си го правото на чист воздух. Забележливо беше присуството на полицијата во целиот град, и беа далеку помногубројни отколку средношколците кои се одзваа на повикот за протест.

Вооружувањето на полицијата за време на протестот за чист воздух не е исклучок од правилото за почитување на безбедносен протокол при вакви настани. Притоа не е воопшто чудно што полицијата била присутна низ целиот град, имајќи ја предвид маршрутата на движење,  од Министерството за животна средина и просторно планирање кон Владата. Во текстот не се нудат никакви докази за ваквото тврдење, односно дека полицијата била далеку помногубројна од средношколците. Протестот помина мирно и граѓаните си го остварија своето демократско право на протест. Од фотографијата која е приложена во текстот, не може да се утврди дека полицијата нагрнала, туку напротив, вообичаена слика на распределба на полициски сили при протести.

Во текстот исто така се посочува и соопштението на средношколците со кои „потврдуваат дека во текот на денот се соочиле со многубројни притисоци и обиди за спречување на остварување на ѓраѓанското право на протест“, но тие се однесуваат на заканите на директорите во одредени училишта и не можат да се доведат во корелација со полициското присуство. Поради закани и притисоци врз средношколците, беше разрешена директорката на гимназијата „Никола Карев“.

Текстот има за цел да ја дезинформира јавноста за бројноста на полициските припадници во однос на оние кои протестираа, со што се инсинуира дека сакале да покажат сила. Средношколците, исто така, не беа грст, туку беа бројни со присуство од цела држава, што на протестот му дадоа масовност.
Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести