verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Покана за промотивен настан: „Мрежа на граѓански организации за отворени податоци“

on 1 - 06 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

logo-meta-mk

 

4 јуни 2015, четврток, 11 – 12.30 часот, Клуб на новинари, Скопје

 

Како отворените податоци може да им помогнат на граѓанските организации, медиумите, активистите и на државните институции во унапредување на јавниот интерес?

Фондацијата „Метаморфозис“ Ве поканува на промоцијата на веб-страницата на Школа за податоци – Македонија“, како дел од проектот „Мрежа на граѓански организации за отворени податоци“, која ќе се одржи во четврток, 4 јуни 2015 година, со почеток во 11 часот, во просториите на Клубот на новинари во Скопје. На настанот воведно обраќање ќе одржи амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, н.е. Чарлс Едмунд Герет.

Веб-страницата „Школа за податоци“ е достапна на адресата schoolofdata.metamorphosis.org.mk

На промоцијата на веб-страницата ќе биде претставен и конкурсот за проекти и за иницијативи кои вклучуваат примена на отворени податоци за подобрување на животот на граѓаните на Македонија.

Преку проектот, кој Фондацијата „Метаморфозис“ го спроведува во соработка со Open Knowledge Foundation и со поддршка на Foreign & Commonwealth Office, се градат капацитетите на граѓанските организации за промоција на отворена агенда.

Би Ве замолиле Вашето присуство да го потврдите по е-пошта или телефонски, најдоцна до 18 часот в среда, 3 јуни 2015 година.

 

Лица за контакт:

Дона Џамбаска                                                         Горан Ризаов

Е-пошта:                                                                     Е-пошта:

dona@metamorphosis.org.mk                                goran@metamorphosis.org.mk

Телефон: 02/ 3109 325                                           Телефон: 02/ 3109 325

 

Претплатете се за најнови вести