verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Погрешно интерпретираната статистика носи само манипулација

on 4 - 09 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

[Рецензија: 70% од новороденчињата во Скопје се Албанци, Македонците умираат]

 

Кога се наоѓаш пред една вест полна со пропусти и со грешки кои се направени намерно од новинарот, свесен си дека е повреденo правото на читателот да биде правилно информиран, без манипулативни тенденции. Тенденциите од оваа природа ја намалуваат доверливоста на медиумот и на самиот новинар.

LUME_ZHURNALЛинк до оригиналниот напис: 70% од новороденчињата во Скопје се Албанци, Македонците умираат

Датум и време на објавување: 31.08.2015, 11:57

Датум на рецензија: 01.08.2015

Рецензент: Фатљуме Дервиши

Веста што ја рецензираме почнува со тенденција за манипулација уште од самиот наслов и со избор на зборови кои воопшто не се погодни за претставување на информацијата со која располага авторот на текстот. Потпирајќи се цело време на бројките за бројот на раѓања кои авторот ги наведува подолу во текстот, испаѓа дека не е точно оти „70 отсто од новороденчињата во Скопје се Албанци“. За да се избегнат грешките (намерни или ненамерни), доволна била една проста математика за да се пресмета дека процентот на албански новороденчиња во Скопје (цело време според статистиките што ги нуди самиот автор во текстот) е околу 34 отсто, што е далеку од процентот од 70 отсто, за кој претендира авторот.

Број на раѓања
Grafikon

Неприфатлив и груб за очите е изборот на зборовите во насловната конструкција: „Македонците умираат!“. Се работи за една природна појава која во јазикот на демографската статистика е позната со терминот „морталитет“, што инаку е научен термин и кој требаше да стои наместо нималку етичките зборови што се употребени.

„Maкедонија се тресе поради малиот наталитет на Македонците и растечкиот тренд кај Албанците“. „Тресење“ не е соодветниот збор за да се опише овој природен феномен.

„Само во Скопје за една година се родени 2.240 Албанци, додека едвај 3.443 новороденчиња Македонци“. Освен многуте јазични, технички и синтаксни грешки во една единствена реченица, авторот го употребил зборот „едвај“, чиешто значење во овој случај останува необјасниво, освен ако прифатиме дека е употребена со тенденција за деградација.

Според текстот „Eкспертите алармираат дека ако продолжи ова тенденција на наталитетот во Скопје, тоа ќе влијае и врз демографските карактеристи на главниот град“. Aтрибуцијата на информацијата кај експертите ја прави веста доверлива. Но, не и ако овие „експерти“ не се идентификуваат и не се цитираат.

Јавноста е склона да им верува на бројките како прецизни податоци. Новинарите кои се свесни за тоа, не треба да ги злоупотребат податоците и статистиките за да ја променат конотацијата на веста врз база на какви било интереси. Ваквите податоци секогаш треба да се претстават точно, илустрирано и треба да бидат поставени во правилен контекст.

Новинарот треба да биде свесен дека „играњето“ со вакви информации за да ѝ удоволиш на една или друга страна, значи манупулација на јавноста со неточни податоци, кои не му служат никому.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не се сите точни

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

манипулира со бројките

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

во насловот

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести