verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Плагијатот често ги носи во бездна проверените информации

on 6 - 12 - 2019       

Пренесувањето на вестите, присвојувајќи ги истите и не кажувајќи кој е авторот, е плагијат. Како резултат на тоа, точните информации честопати биле однесени во бездна. Кога на ова шема ќе се додаде и елементот „актуализирање на старите настани“, тогаш се создава идеално опкружување за јавна дезинформација. Таква е веста што ја разгледувавме, а која стигна до Радио телевизија на Косово

РТК:Се открива дека Заев и Села сакаа да ги убијат русите

Линк до оригиналниот напис: „СЕ ОТКРИВА ДЕКА ЗАЕВ И СЕЛА САКАА ДА ГИ УБИЈАТ РУСИТЕ„ZBULOHET SE ZAEVIN DHE SELËN DESHËN T’I VRASIN RUSËT

Датум на објавување: 19.11.2019

Датум на рецензија: 21.11.2019

Рецензира: Фатбарда Цури

Анонимноста – не е алиби медиумот да не проверува информација

„СЕ ОТКРИВА ДЕКА ЗАЕВ И СЕЛА САКАА ДА ГИ УБИЈАТ РУСИТЕ“ , е насловот на веста што ја пренесува РТК. Со оглед на фактот дека овој медиум се наоѓа надвор од територијата на Северна Македонија, местото каде се случи нападот врз Собранието на 27 април 2017 година, беше поттик за да се проверат наведените извори. Информацијата беше пренесена од „извори под услов на анонимност“.

Оваа формулација не ги амнестира медиумите, затоа што во ситуации на важни политички процеси, како што е нападот врз Собранието, информациите мора да се засноваат на релевантни и извори засновани врз факти, што значи дека вклучува ставови од порелевантни страни, што во овој случај би биле обвинителството или министерствата.

„Познато е и името на рускиот разузнавач, кој ја водеше операцијата со помош на Србинот Горан Живалевиќ, исто така српски разузнавач во Скопје. Неговите иницијали се В.Ф., кој служел во соседната држава на Северна Македонија. Координацијата е направена пред неколку дена, најпрво во крајбрежно место во Бугарија, каде се наоѓаат вилите на руските воени разузнавачки службеници (познати како ГРУ). Планот беше детализиран во Белград еден ден подоцна во приватна куќа “, рече поранешен македонски службеник за внатрешна служба под анонимност, се вели во написот што го разгледуваме.

Плагијатот ги однесе проверените информации во бездна

Бидејќи изворот не беше најрелевантен, а информацијата не беше потврдена, беше поттик да се спроведе дополнително пребарување. Произлезе дека текстот беше копи – пејст на повеќе новинарски написи објавени во порталите во Северна Македонија. Шерувањето на информацијата од многу медиуми предизвикало да го поттикнат плагијаторството, затоа што медиумите не се цитирале едни со други.

Од тука произлегува заклучокот дека станува збор за „плагијаторство што ги однесе проверените информации во бездна“.

Оваа позиција е дополнително засилена, бидејќи ниту една релевантна институција во Северна Македонија, но исто така ниту во Србија во последно време, не објавиле вакви информации. Од друга страна, последните информации поврзани со еден од потенцираните лица во статијата, Горан Живалевиќ, и кои се поврзани со нападот од 27 април во Собранието на Северна Македонија, се од 2018 година.

 Манипулација со стари информации и селективни факти!

Анализирајќи ги сите овие елементи, доаѓаме до заклучок дека медиумите по секоја цена се обиделе да ја манипулираат јавноста со концептот „селективни факти“ со објавување само информации кои се однесуваат на руско-српското сценарио, што не е ништо ново, објавувајќи непроверени информации што се во спротивност со принципите на професионално, објективно и истражувачко новинарство. Создадено е идеално опкружување за јавна дезинформација, бидејќи написот актуелизира стар настан, без проверување на изворите.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

потикнува на насилство

дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести