„Плагијаторството е неприфатливо…“
Објавено во Рецензии
on 4 - 10 - 2015 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Повторно утка: Гробницата во Амфиполис не е на Александар Македонски]
Една многу едноставна и неопходна постапка го дели автентичното, оригинално новинарство и текст од плагијаторството, односно од „крадењето“ текстови. Сѐ што треба да се направи е да се наведе изворот и оригиналниот текст, кој, во овој случај, станува извор за текстот што се презема, а што уредниците утврдиле дека е од одреден интерес за публиката на нивниот медиум.
Членот 12 од Кодексот на новинарите е сосема прецизен кога вели:
Плагијаторството е неприфатливо. Цитатите не смеат да се користат без да се нагласи изворот или авторот.
Линк до оригиналниот напис: Повторно утка: Гробницата во Амфиполис не е на Александар Македонски
Датум и време на објавување: 01.10.2015, 08:30
Датум на рецензирање: 02.10.2015
Рецензент: Зоран Бојаровски
Без ова правило имаме нефер, непрофесионален пристап, кој на медиумите и на оние што ги уредуваат и што ја применуваат оваа постапка, им дава несериозна црта која ги определува како „узурпатори“ на туѓа сопственост.
Оттаму, сосема е во право читателот на „Сервис за проверка на факти во медиумите“ (СПФМ) кога ни препорача да обрнеме внимание на оваа медиумска содржина од тој аспект – од аспект на избегнување на наведување на изворникот.
Читателот што го предложи текстот за рецензија дури и го наведува линкот на оригиналниот текст, со наслов „Massive underground complex in Greece WASN’T Alexander the Great’s tomb: Huge monument was tribute to his closest friend and trusted general“, објавен во електронското издание на британскиот медиум „Дејли меил“ (The Daily Mail).
Освен овој, сериозен недостаток, текстот потклекнал пред искушението да коментира, И тоа уште во насловот. Немало потреба за „ситење“ со првиот дел од насловот „Повторно утка“.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
Нема извор за да се потврдат
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
нема извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
не аплиактивно
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
Коментира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
квалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови