verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Па, не мора и пред деца!

on 28 - 10 - 2013       

Па-не-мора-и-пред-деца-2013-10-25-crop-resize

Текстот кој започнува со реченицата “Има ли новинарска етика во информирањето?” ја брани тезата дека новинарите не можат да поставуваат било кое прашање во секое време и на секое место.  Висок политичар викнал новинари за да се промовира. Но, според текстот, тие новинари треба да внимаваат на прашањата што ги поставуваат за да “не вознемируваат”.

Според новинарската етика токму прашањата се основната алатка на еден новинар, без разлика каде се наоѓа, за да може да си ја изврши задачата. Фактот што висок функционер бил опкружен со деца не смее да го спречи новинарот професионално да постави прашање. Ако високиот функционер не сака да одговори на прашање поврзано со актуелноста што го следи, тој е одговорен за опкружувањето во кое се наоѓа. Првата задача на новинарот е потрагата по вистината.

Во овој случај, темата на која биле поставени прашањата што текстот ги критикува, а се однесуваат на корупциски скандал, не се, според нас, од природа која може да вознемири деца.

Децата кои учествуваа во работилниците, дебатите, проекциите…наместо за филм, музика, креативност вчудоневидени, мораа да слушаат за однапред смислени партиски обвинувања. Колеги новинари, па не мора и пред деца!”

Па, не мора и пред деца! - 2013-10-25_16.34.58

Линк до оригиналниот написПа, не мора и пред деца!

Датум и време на објавување: 22.10.2013

Датум на рецензирање: 25.10.2013

Рецензент: Светлана Јовановска

Вистинитост: Текстот нема проблем со вистинитоста на опишаниот настан. Проблем е тоа што авторот на текстот не ги пренел точно прашањата што и биле поставувани на министерката, па читателот не може сам да донесе оценка.

Извори на информации: Изворот на информации е посетата на министерката за култура на Филмскиот фестивал за млади “Џифони”, каде што таа одговарала на прашања на новинарите кои го покривале настанот.

 Содржајност: Текстот се фокусира врз едно прашање поставено на министерката за култура околу аферите кои во последно време се актуелни.  Текстот не го задоволува основното ниво на сеопфатност. Тој не прикрива информации, но не дава целосна слика на состојбата и се фокусира единствено на критика упатена до новинарот кој барал од министерката да одговара на прашање кое не било во врска со настанот.

Пристрасност: Текстот е пристрасен, пред сѐ, според изборот на настанот за кој, всушност, нема информации. Но, затоа авторот се служи со манипулација во која обвинува колега дека не се однесувал достојно и пред децата, кои присуствувале на настанот, поставил прашања до министерката за актуелна тема која се однесува на корупциски скандал.

Текстот подвлекува дека новинарот е опозициски. Очигледно е дека авторот на текстот покажува отворена наклоност кон една политичка опција, онаа на која и припаѓа министерката за култура.

Коментирање: Кусиот текст е всушност коментар за новинарот кој поставил прашање до министерката. Непотпишаниот автор на текстот го обвинува колегата дека предизвикал скандал кога поставили прашање за Стариот театар, опишувајќи го прашањето како партиско.

“Ова не е прв пат новинар од опозициските медиуми намерно да направи ваков скандал, да ја искористи можноста и со поставување на однапред смислени партиски прашања да фрли во сенка детски настан каков што беше и филмскиот фестивал.”

Квалитет на насловот: Насловот содржи коментар кој се труди да го натера новинарот кој поставувал „неподобно“ прашање да се чувствува виновен што вознемирил деца. Насловот не е креативен.

Заклучок: Според Резолуцијата 1003 од 1993 година на Парламентарното собрание на Советот на Европа за етиката во новинарството и влијанието, пред сѐ, на телевизијата врз сензибилитетот на децата и младите, треба да се избегнат емисии, пораки или слики што го фалат насилството, го експлоатираат сексот или употребуваат недостоен речник.

Прашањето за „обвинувањата на СДСМ и на нивниот портпарол Петре Шилегов за склучените договори во четири очи за Стариот театар” не ни се чини како тема во која новинарот користел недостоен речник. Оттука, рецензираниот текст е обид за манипулација и дискредитација на новинарите кои се обидувале да трагаат по вистината за корупциски скандали.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести