verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Откопување костури за дискредитација

on 26 - 06 - 2015       

Интелектуалното-рекетарско-крило-09876-0987-crop-resize

 

[Рецензија: Интелектуалното рекетарско крило на СДСМ се дави во афери – продолжува да ги слуша нивните наредби]

 

Еднострана објава со навивачки предзнак, насочена кон лична дискредитација. Не е јасно како жигосувањето на прозваните лица го штити јавниот интерес, особено ако се има предвид дека не станува збор за функционери што трошат народни пари.

Интелектуалното рекетарско крило на СДСМ се дави во афери  Заев продолжува да ги слуша нивните наредбиЛинк до оригиналниот напис: Интелектуалното рекерарско крило на СДСМ се дави во афери – продолжува да ги слуша нивните наредби  

Датум и време на објавување: 18.06.2015

Датум на рецензирање: 24.06.2015

Рецензент: Александар Пешев

Би се запрашал кој го нарачал текстов, но мислам дека тоа треба публиката сама да си одреди. Навивачкиот елемент во објавата се согледува во изборот на лица за кои без конкретни докази, со извртување на нивни објави стари неколку години, авторот се обидува да ја дискредитира опозицијата. Од самиот почеток се поставува прашањето: што е со другите интелектуалци кои ги подржуваат владините политики, на пример? Не се забележува дека авторот направил напор да побара изјави од прозваните лица, што е во спротивност со професионалните стандарди на новинарскиот занает.

Поопшто прашање е: зошто? Зошто сега овие лица се ставени на ѕидот на срамот на „курирците“? Прашањето се покрева ако се погледне воведот на таканаречениот новинарски текст:

„Низа афери, скандали, вмешаност во коруптивни зделки во времето која ја практикувале власта стојат зад имињата на главните советници на опозицискиот лидер.“

Ајде да одиме по здрворазумска логика: се прави избор на лица и ретроспектива на нивни изјави, а нема ниту збор за актуелните афери што стигнаа до Брисел и до Вашингтон? Тоа не само што сведочи за навивачкиот елемент на објавата туку преку лична дискредитација со термини како „рекетарското крило“, создава впечаток дека имаме рекетарски текст.

 

ОТКОПУВАЊЕ КОСТУРИ

Актуелноста на овој текст е нејасна. Имено, се земаат изјави од деведесеттите години на минатиот век за прозваните да се обележат како криминалци. Не е спорно дека новинарството, како чувар на демократијата, има должност да открива криминал, но тука станува збор за лица кои, колку што знаеме, тековно не располагаат со народните пари – зошто напорите на авторот не се насочени кон актуелни државни службеници и политичари од власта е прашање на кое одговор може да даде само редакцијата.

Коментаторските елементи се забележуваат низ целата објава, што, во основа, го уништува квазинапорот за поддршка на текстот со некакви изјави (иако истите се копани од архиви).

„За актуелниот советник на лидерот на СДСМ Зоран Заев многу пати досега медиумите информираа дека тој троши огромни суми за финансирање на медиуми, невладини организации и новинари кои имаат задача да плукаат по владините проекти, мерки и политики.“ 

Имаме текст без јасна поента, насочен кон жигосување на личности кои не располагаат со народни пари. Ваква лична дискредитација, макар и поддржана со изјави, нема место во професионалното новинарство, а доколку станува збор за информација од јавен интерес, не е толку тешко да се добие кој било од овие луѓе на телефон.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести