verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Основан Советот на етика на медиуми на Македонија

on 9 - 10 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

Водечките здруженија од областа на медиумите на 30 септември 2014 година го формираа Советот на етика на медиумите на Македонија како прво саморегулаторно тело на медиумите.

Над триесетина претставници на електронски, печатени, интернет и регионални медиуми и претставници на Здружението на новинарите на Македонија, Македонскиот институт на медиуми, Новинарскиот синдикат и Здружението на приватни електронски медиуми на Македонија во кое членуваат над 60тина регионални и локални медиуми одржаа основачко собрание на Советот на етика на медиуми на Македонија (СЕММ), прво саморегулаторно тело на медиумите.

Собранието ги избра членовите и замениците на раководните органи и го усвои Статутот на Советот.

Во наредниот период Управниот одбор со консензус треба да ги избере членовите на Жалбената комисија која во иднина ќе одлучува за жалбите на граѓаните. Комисијата ќе биде составена од седум членови од кои двајца новинари ќе номинираат сопствениците на медиумите, двајца ЗНМ а за изборот на тројцата претставници на јавноста ќе биде објавен јавен оглас.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести