verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Офсајд-наслов кој поттикнува омраза

on 15 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-25-rezhanoc-kumanove_-maqedonasi-ka-mbled_-http___www-tetovasot-com_2016_09_r

 

Напис –  Режановце – Куманово: Македонец собирал оружје за да ги убие Aлбанците

Во куќата на И. А. (54) од село Режановце во Куманово е пронајдено големо количество оружје и муниција.

Полицијата во Куманово извршила контрола во куќата и во помошните простории на една куќа во Режановце во Куманово, каде што пронашла: една воздушна пушка, 69 куршуми од разни калибри, седум партони за ловечки пушки, три неиспукани патрони, едно долго оружје, и др. Дел од оружјето лицето го поседувало без дозвола, додека пак другиот дел со дозвола, пренесува TetovaSot.

Оружјето и муницијата се конфискувани, а И. А. е задржан во притвор во СВР Куманово.

Оружјето ќе биде предадено за експертиза, за оружјето за кое има дозвола ќе се примени административна процедура за трајна конфискација на оружјето.

По целосно документирање на случајот, против И.А. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење сомнеж за поседување оружје без дозвола./TetovaSot/

 

Рецензија -„Режановце – Куманово: Македонец собирал оружје за да ги убие албанците“

Бидејќи начелно главна цел му е јавниот интерес, новинарот треба да ги идентификува случаите кога има поттикнување на омраза или, пак, поттикнување на насилство и истите да ги осуди. Затоа, во ниту еден момент тој не треба да биде промотор на овие општествени девијации или, пак, да се обиде да поттикне омраза преку своите новинарски продукти.

14302527_10210635943517454_142368803_nЛинк до оригиналниот напис: Режановце – Куманово: Македонец собирал оружје за да ги убие Албанците

Датум и време на објавување: 08.09.2016

Датум на рецензирање: 09.09.2016

Рецензент: Џенис Сулимани

Новинарскиот продукт што го рецензираме има наслов, спортски кажано, тотално офсајд, во однос на содржината.

Најголемата трагедија е што насловот поттикнува омраза, а можеби и насилство: „Режановце – Куманово: Македонец собирал оружје за да ги убие Албанците“, е насловот на написот. Во текстот се известува за конфискувањето на големо количество оружје во селото Режановце во Куманово, и ништо повеќе од тоа.

„Во куќата на И. А. (54) од село Режановце во Куманово е пронајдено големо количество оружје и муниција.

Полицијата во Куманово извршила контрола во куќата и во помошните простории на една куќа во Режановце во Куманово каде што пронашла: една воздушна пушка, 69 куршуми од разни калибри, седум партони за ловечки пушки, три неиспукани патрони, едно долго оружје, и др. Дел од оружјето лицето го поседувало без дозвола, додека пак другиот дел со дозвола, пренесува TetovaSot.“

Во содржината која, главно е соопштение на СВР Куманово, никаде не се спомнува причината за поседувањето на тоа оружје. Тоа значи дека тенденциозниот наслов кој има цел постигнување на сензација и поголем број на кликнувања, нема никаква врска со содржината на текстот.

Слободата на говорот е од јавен интерес, но оваа привилегија новинарот не треба да ја употреби за да алармира лажно. Непотребното чувство на несигурност во општеството не е од јавен интерес.

Новинарот нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа, вели член 10 од Кодексот за етика на новинарите.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

говор на омраза

потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести