verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Одржана обука за говор на омраза за новинари

on 4 - 07 - 2013       
Овој напис го има и на: Албански, Англиски

На 19.06.2013 година во ГЕМ клубот во Скопје, се одржа обука за говор на омраза за новинари. Обуката беше наменета за новинарите кои учествуваат во проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, која е имплементирана од страна на Метаморфозис.

На четиричасовната обука учество земаа 10 новинари, кои се запознаа со практиката на Европскиот суд за човекови права во конкретни случаи поврзани со говор на омраза, случаи од Македонија и светски познати случаи, а анализирани беа и голем број на законски и подзаконски акти поврзани со оваа тематика. Oбучувач на работилницата беше Жарко Трајановски,  м-р по човекови права. 

Користени материјали на обуката:

Претплатете се за најнови вести