verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Објавената фотографија е тежок напад на приватноста на Јанева

on 22 - 11 - 2019       

[Рецензија:Фотографија од Катица Јанева во куќен притвор ]

Насловот на текстот што го рецензираме не е ништо друго освен тежок напад врз приватноста на поранешната јавна обвинителка Катица Јанева која беше пуштена во домашен притвор. Објавувањето на фотографијата не е од јавен интерес, за истата да биде објавена во повеќе медиуми.

Линк до оригиналниот напис: Фотографија од Катица Јанева во куќен притвор

Датум и време на објавување: 22.11.2019

Датум на рецензирање: 22.11.2019

Рецензент: Силвана Жежова

Обвинетата во случајот „Рекет“ е фотографирана од своите соседи, а фотографијата беше споделена на социјалните мрежи утрово.Станува збор за фотографија во зграда на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје, спроти студентскиот дом Кузман Јосифовски-Питу.

Фотографирањето на Катица Јанева, од како што се вели во текстот, „своите соседи и споделување на социјалните мрежи“ е казниво според Кривичниот законик на РМ, како кривично дело против личните права. Но, не може да се тврди, дали тоа навистина биле соседите.

Според овој член 152, тој што неовластено ќе направи фотографски, филмски или видео снимки на друго лице или на неговите лични простории без негова согласност, повредувајќи ја неговата приватност или тој што таквите снимки непосредно ги пренесува на трето лице или му ги покажува или на друг начин му овозможува со нив да се запознае, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

Со преземањето на фотографијата од страна на медиумите, и нејзино објавување заедно со адресата на живеење се кршат многу членови од Законот за заштита на лични податоци. Имено согласно овој Закон, во делот на Заштита на приватноста на домот или престојувалиштето се вели дека:

Новинарот не смее да влезе и снима во домовите или пак да ги снима пациентите во болниците или затворениците во затворите без нивна претходно добиена согласност. Согласноста на субјектот на личните податоци е начелото кое мора да се почитува. Во случаи кога пациентите во здравствените установи или затворениците во затворите немаат целосна деловна способност, согласноста мора да се бара од нивните старатели или законски застапници.

За да снимате во затвор ви треба согласност, бидејќи и за затворската ќелија, и за домашниот притвор важи начелото на неповредливост на домот, кој во овој случај со фотографијата на терасата од домот, се крши. Објавената адреса со фотографија од зградата, исто така е откривање на личен податок.

Согласно Законот за лични податоци, „снимањето и објавувањето на податоци за лица против кои се води судска или управна постапка е спротивно од Законот за заштита на личните податоци особено ако се земе предвид и непочитувањето на начелото за презумпција на невиност“.

Имајќи ги предвид сите укажани законски прекршување, објавената фотографија и откривањето на личните податоци за поранешната специјална обвинителка, не е ништо друго освен длабока повреда на нејзината приватност и потенцијал за загрозување на личната безбедност. Согласно членот 8 од Европската конвенција за човекови права „секој има право на почитување на неговиот приватен и семеен живот, домот.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести