verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Нула вредност – нула вест

on 13 - 09 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

09112015-MIA-Suvenirnica-crop-resize

[Рецензија: Отворена сувенирница на ГП Табановце]

 

Ниту еден од критериумите што влијаат една информација да биде новинарска вест, не е исполнет во оваа медиумска содржина. Да не забораваме, од секоја информација не може да се формира медиумска вредност која потоа, според професионалната обработка, се трансформира во вест. Доколку не е  така, тогаш медиумот не практикува новинарство, туку билтенство. Државните новински агенции, пак, најмалку треба да бидат – билтени. Кому било, кога било.

Како прво, воопшто не личи една министерка за култура да отвора, па уште и свечено, киоск за сувенири на граничен премин. Но, ајде, да прифатиме дека министерката имала потреба. Таа потреба е од некои други критериуми кои никако не се компатибилини со критериумите што одредуваат дали новинарите ќе тргнат на пат да направат вест од – свечено отворање киоск за сувенири.

Еве, ајде да провериме кои се тие критериуми што една информација ја претвораат во медиумски вредна содржина. За да не биде дека импровизираме.

09112015-MIA-SuvenirnicaЛинк до оригиналниот напис: Отворена сувенирница на ГП Табановце

Датум и време на објавување: 10.09.2015, 14:21

Датум на рецензирање: 12.09.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Како прво – влијание, или импакт. Какво влијание може да има отворањето на еден киоск. На колку луѓе ќе им го промени животот? Бесмислено е дури и да одговараме на овие прашања, бидејки самата споредба на овој критериум со чинот – отворање киоск, е апсурден.

Второ – локален фокус. Од каков интерес е оваа информација за локалното население? Од никаков, освен што ќе се вработат двајца партиски активисти.

Трето – навременост. Ова е уште еден од елементите кои, кога станува збор за оваа информација, наместо за критериум, зборуваме за апсурд. Сега навистина не е време да се отвора сувенирница кога граничниот премин Табановце стана синоним за патешетсвието на мигрантите низ Македонија. Навистина станува збор за граничниот премин за патен сообраќај, не е оној железничкиот каде навистина се одвива една епизода од драмата на бегалците. Но, сепак, Табановце е синоним за една ситуација која е апсолутно обратнопропорционална на ефектот – отворање сувенирница.

Четврто – приказна за славните. Славните личности се сами по себе вест. Што и да направат, од нивната постапка, може (но, не по секоја цена) да произлезе вест. За кои славни личности станува збор во оваа содржина. Ајде, ви се молам.

Петто – веста треба да има новост. Да отскокнува од обичното. Што има необично во оваа вест? Освен што е крајно необично министерка да отвора киоск. Но, во овој случај отскокнувањето од правилото, го потврдува токму него.

Шесто – конфликт. Нема. Зиро конфликт, зиро вест.

Седмо – човечка, хумана приказна. И тоа го нема, како што не е исполнет ниту последниот, седми критериум – целната група. Односно, кого засега оваа информација? Дали таа има посериозна целна група кому е наменета?

Правилата велат дека една информација ќе стекне право да се трансформира во вест вредна за објавување, доколку исполни најмалку еден од овие критериуми. Секој дополнителен критериум помага таа вест да добие позначајно место во хиерархијата на вестите.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести