verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарството не значи „како првиот, така и вториот“

on 6 - 07 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

Centarnews za vizata na Stavreski

[Рецензија: ЗОРАН СТАВРЕСКИ ЕКСПРЕСНО ОДБИЕН ЗА ИСЕЛЕНИЧКА ВИЗА ЗА САД]

Tекстов е типичен пример за објавување непроверени и неточни информации. Желбата да се биде атрактивен и да се собере читаност, превладеала над фактите и над вистината, што е недозволиво во професионалното новинарство.

 

 

stavreski centarnjuz viza sadЛинк до оригиналниот напис: ЗОРАН СТАВРЕСКИ ЕКСПРЕСНО ОДБИЕН ЗА ИСЕЛЕНИЧКА ВИЗА ЗА САД

Датум и време на објавување: 02.07.2016

Датум на рецензирање: 04.07.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

„Зоран Ставрески во неколку наврати поднесувал ‪#‎оставка од Министерсвото за финансии и се пријавувал за заштитен сведок при судските процеси за поголемите корупциски скандали на Никола Груевски. 

Меѓутоа, бидејќи братучедот Мијалков се снима и следи, Ставрески во повеќе наврати е сопиран и тепан од страна на личното обезбедување на Груевски. На Ставрески јасно му е порачано – ако тоне шефот, ќе тонеш и ти со него.“

Една од главните причини зошто текстов е денеска на рецензија е отсуството на извори на информации. Дури, недостига и фразата „извори блиски до Центарњуз“. Еден напис мора да има извори кои би требало да бидат блиски до главните ликови на приказната. Изворот, во сериозно новинарско четиво, е точно одреден и приближно објаснет.

 

НОВИНАРОТ ТРЕБА ДА ОБЈАВУВА ТОЧНИ И ПРОВЕРЕНИ ИНФОРМАЦИИ

Кодексот на новинари пропишува дека новинарот секогаш ќе објавува точни, прецизни и проверени информации. Факт е дека овој текст е атрактивен, меѓутоа дел од информациите пренесени во него се неточни или се недокажливи.

„Четири дена по поднесување на својата ‪#‎оставка, Зоран Ставрески поднел барање за иселеничка виза за себе и своето семејство, во Амбасадата на САД во Македонија.“

Како што почнува, така и завршува овој текст. Со шпекулации без аргументи. Поради тоа и е тешко да се поверува дека е вистинит. Од друга страна, пак, нема ниту изјави од засегнатите лица, ниту докази дека новинарот се потрудил да ги обезбеди. Тоа, исто така, го прави текстот несодржаен и непрофесионален.

 

НАЈДЕНА Е „ПОТВРДА“, АМА ЗА КОГО Е ТАА?

Написот притоа користи одговор од Амбасадата на САД, даден за веста дека поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, бил одбиен за виза. Сепак, притоа не е наведено дали за текстот е побарана изјава токму за случајот на Ставрески или е „рециклиран“ одговорот што е добиен за прашање за идентичен таков случај од претходно, односно за поранешниот министер Миле Јанакиески, чие барање за виза за САД беше одбиено.

Според повеќе работи, ова е уште еден текст кој повеќе е за во жолт печат, отолку за во медиум кој претендира да биде сериозен.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има само одговор од Амбасадата на САД, но е нејасно како е добиен.

официјални

релевантни

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести