verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарство во политички чевли

on 4 - 05 - 2015       

Germanija_spiuniranje-crop-resize-002

(Рецензија: „Прислушување во Германија: Меркел и шефот на БНД ќе поднесат оставка?!“ и „Аферите со прислушување во Македонија и Германија, сфаќање на криминалот по потреба“ како два дела од еден текст)

 

Разликата меѓу професионалната и партизираната јавна и државна администрација е дека онаа првата, без разлика на моментот, политичката ситуација и на партиската превласт, секогаш може да искаже мислење и принципи кои не зависат од тој момент или од идеолошко-политичката номенклатура.

Имајќи го предвид реномето на германската дипломатија, како и искуството од слични ситуации, со голема сигурност може да се каже дека германската амбасадорка во Скопје, Кристине Алтхаузер, ги имала предвид токму тие принципи кога одлучила во јавен настап да искаже мислење за актуелната политичка ситуација на нашата земја, држава со кандидатски статус за членство во ЕУ и земја која (би) треба(ло) да ги негува, меѓу другото, и споменатите вредности за непристрасна администрација.

Освен тоа, никогаш не е стоотстотно сигурно дека некоја ситуација, во овој случај – политичка, може целосно да се преслика во друг општествен и политички контекст.

Имајќи го тоа предвид, следствено на тие околности и принципи, треба да се прилагодува новинарската анализа и обиди за компарации. Не е недозволено, но најмалку што треба е да се познаваат деталите, бидејќи многу често во нив се крие суштината, како и да се внимава на професионалниот принцип на почитување на мислењата и на принципите на културна јавна комуникација. Така определува и еден став од преамбулата на Кодексот на новинарите на Македонија:

Право и должност на новинарите е да настојуваат да ја спречат цензурата и искривувањето на вестите. Следејќи ја својата улога во градењето на демократијата и на цивилното општество, новинарите ќе ги бранат човековите права, достоинството и слободата, ќе го почитуваат плурализмот на идеите и ставовите, ќе придонесуваат за јакнење на правната држава и во контролата на власта и на другите субјекти од јавниот живот.

01-Vecer 02-VecerЛинк до оригиналниот напис:
Прислушување во Германија: Меркел и шефот на БНД ќе поднесат оставка?!
Аферите со прислушување во Македонија и Германија, сфаќање на криминалот по потреба

Датум и време на објавување: 15.04.2015 09:14

Датум на рецензирање: 20.04.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Да потсетиме: Германската амбасадорка во Македонија, Кристине Алтхаузер, изјави дека очекува решавање на политичката криза во нашата земја преку оставки и независна истрага. Говорејќи на трибина на Правниот факултет во Скопје, Алтхаузер упати критики кон Владата не само поради начинот на кој се справува со политичката криза, туку и поради редица проблеми во државата, како што се партизацијата на институциите, притисоците врз медиумите, диригираното судство. Амбасадорката Алтхаузер изјави:

„Според западните политички стандарди, политичките последици од обемот и природата на обвинувањата е неизбежна. Да бидам јасна, како мојот американски колега минатата недела, последиците, на пример, значат оставки како услов да се дојде до почеток на неопходен транспарентен и независен истражен процес.“

Врз основа на оваа изјава, во медиумската содржина што ја рецензираме, весникот пишува оти амбасадорката „заборава“ дека и нејзината земја ја тресе слична афера. Ние не знаеме дали таа заборава или не. Барем нема некоја друга изјава од Алтхаузер со која таа негира или „заборава“. Таа зборува за една друга ситуација, и врз основа на нејзините сознанија, искуство и дипломатски репери, искажува мислење. Дали тоа му се допаѓа некому или не, тоа е друго прашање. Дали заради таа изјава и искажано мислење треба да ѝ се суди – одредуваат етичките принципи на професионалното новинарство, а во членот 16 од Кодексот на новинарите, тоа е вака определено:

Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.

Следниот чекор на кој „паднал“ овој текст е подлегнувањето на искушението да не се коментира во текст во кој тоа не е јасно истакнато. Зашто членот 13 од Кодексот вели:

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

Интересно е што, ова, коментирањето и бришењето на границата меѓу извештајот и коментарот, е направено во вториот дел од оваа сторија и тој е потпишан со „Р.В.“ што претпоставува „Редакција Вечер“. Претходниот текст, еден ден порано, како прв дел од оваа сторија е потпишан со „О.Ч.“ и претпоставуваме дека се иницијали на новинар.

Овие две отстапувања од професионалните правила нѐ водат во третото, кое бара објективност и избалансираност за да се демонстрира пристрасност. Така вели членот 14 од Кодексот:

Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

И уште една битна работа вреди да се напомене во оваа рецензија. Новинарите треба да бијат свои, новинарски битки, а политичките да им ги остават на политичарите, а тие само да известуваат за нив. Промената на улогите ги вади новинарите од нивните чевли и ги става во едни други. Зашто кога зборуваме за новинарската дејност, зборуваме за професионални стандарди кои се на врвот на етичките принципи во јавните настапи. Членот 15 од Кодексот вели:

Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.

И фотографиите се дел од комуникацијата, па така и тие подлежат на правилата. Доколку сакате да се придржувате до нив, тогаш во нивната селекција уредништвото, секако, треба да поведе сметка за тоа. Бидејќи тие заменуваат илјада зборови, со исто толкава илустративност говорат и за предумислата на нивниот избор.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

Делумно

официјални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

селективно наведен автор (извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести