verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарство киднапирано од сензационализмот

on 15 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 FireShot Screen Capture #248 - 'Kidnapohen dy fëmijë në Gostivar! A po bëhet ky qytet i rezikshëm në Maqedoni_' - www_zhurnal_mk_content__id=16831813

 

 Напис: Киднапирани две деца во Гостивар! Дали станува опасен овој град во Македонија?

Гостивар, 3 август – 31-годишниот Ќ.Х. и 21-годишниот Ќ.Џ. од Гостивар во вторникот, околу 7.30 часот, киднапирале две деца на 15 и на 16-годишна возраст. Случајот се случил во планината над гостиварското село Врањовце, пренесува весникот „Лајм“.

Едно од децата било врзано со јаже од страна на Ќ.Х., додека другото дете го држел Ќ.Џ. Случајот се случил поради тоа што тие ги обвинувале двете деца дека им ги украле нивните коњи. Исто така, на двете деца им упатиле закани по животот. Случајот бил пријавен во полиција, а против Ќ.Х. и Ќ.Џ. е поднесена кривична пријава.

Инаку, граѓаните на Гостивар се жалат дека градот станал опасен за граѓаните, бидејќи во последно време во овој град се случиле многу тешки случаи.

Надлежните велат дека за разлика од минатиот период, кога случаите биле изолирани, во последно време насилството се истакнува сè повеќе. За социолозите, насилството не е некоја нова појава во нашата средина, но таа во минатото се сокривала во рамките на семејството, а жртвите било од физички или од психички аспект немале никакво друго право освен да го маскираат случајот, поставувајќи му други околности.

„И понатаму останува проценката дека вистинскиот број на таквите дела останува многу голем. Повеќето жртви или не ги пријавуваат таквите случаи или не бараат кривично гонење. Факт е дека за разлика од минатото, во последно време жртвите сè помалку го прикриваат насилството и видно ги надминуваат предрасудите и стереотипите околу оваа проблематика“, вели портпаролот на полицијата Марјан Јосифоски.

Во првите пет месеци од оваа година, во поширокиот Гостиварски Регион се регистрирани 29 кривични дела семејно насилство, кои резултирале со 28 пријави против исто толку поединци. Осумнаесет случаи биле со нанесување телесни повреди, осум со загрозување на безбедноста и три со загрозување на безбедноста со опасно оружје во тепачка, а што имаат врска со семејното насилство, соопшти денеска СВР Тетово.

„Во овие случаи жртви биле 14 лица од женски пол, главно сопруги, потоа ќерки, мајки, баби и сестри , додека повеќето во средината на насилниците се сопрузите, шест, синови – четири, татковци – еден, и така натаму“, вели за „Флака“ Марјан Јосифоски, портпарол на СВР – Тетово. Како што ни дава до знаење Јосифоски, освен ова, во овој период се регистрирани и 15 жалби што имаат врска со семејното насилство, кои се целосно расветлени со усно или писмено предупредување на инволвираните во овој вид насилство.

Вреди да се нагласи дека семејното насилство во последниве години многу почесто се пријавува во споредба со поранешниот период и дека во повеќето случаи жртви се родителите, бабите и дедовците. Од СВР даваат до знаење дека најчестите причини за семејно насилство и годинава се зависностите, асоцијалните семејства, недостигот од финансии, психичките нарушувања и др.

 

[Рецензија: „Киднапирани две деца во Гостивар! Дали станува опасен овој град во Македонија“]

Рецензираниот напис, од  аспект на прикажување на фактите е тенденциозен, конфузен и полн со недостатоци. Нема потреба за многу анализа за да се сфати дека сервираниот материјал е собран од различни текстови, со различни теми и објавени на различно време, само за да се извадат заклучоци кои на новинарот му биле потребни за да ги дополни со свои коментари.

Zhurnal - Kidnapohen dy femije ne Gostivar 1Линк до оригиналниот напис: Киднапирани две деца во Гостивар! Дали станува опасен овој град во Македонија?“

Датум и време на објавување: 03.08.2016

Датум на рецензирање: 07.08.2016

Рецензент: Фатлуме Дервиши

Поаѓајќи од еден единствен случај, авторот го вади насловот „киднапирани две деца во Гостивар…“ и притоа додава дека овој град станува опасен за граѓаните. Написот го демантирала уште истиот ден Општина Гостивар, која објаснила:

„Журнал“:

„31-годишниот Ќ.Х. и 21-годишниот Ќ.Џ. од Гостивар во вторникот, околу 7.30 часот, киднапирале две деца на 15 и на 16-годишна возраст. Случајот се случил во планината на гостиварскоѕо село Врањовце, пренесува весникот ’Лајм’.“

Општина Гостивар:

Општина Гостивар: Порталот „Журнал“ денеска, на 3 август 2016 година, ја објави информацијата со наслов „Граѓаните во паника, зголемено насилството, убиствата и киднапирањата! Киднапирани две деца во Гостивар! Дали станува опасен овој град во Македонија?“, каде што се зборува за еден случај од 23 јули 2016 година во село Врањовце од Општина Врапчиште.

Освен што „го згрешил“ датумот кога се случил настанот (станува збор за една разлика од шест недели), авторот „го згрешил“ и местото, како и општината. Подолу е делот од коментарот, кој авторот воопшто не го објаснува. Кои се тие тешки случаи во градот што го прават Гостивар опасен? Тоа го знае само тој. 

„Инаку, граѓаните на Гостивар се жалат дека градот станал опасен за граѓаните, бидејќи во последно време во овој град се случиле многу тешки случаи“.

Во продолжение, на професионално нечесен начин, авторот ја менува темата, не известувајќи за ова, за да направи врска помеѓу две работи кои не може да се третираат како исти или како дел од една тема.

„Во првите пет месеци од оваа година, во поширокиот Гостиварски Регион се регистрирани 29 кривични дела семејно насилство, кои резултирале со 28 пријави против исто толку поединци. Осумнаесет случаи биле со нанесување телесни повреди, осум со загрозување на безбедноста и три со загрозување на безбедноста со опасно оружје во тепачка, а што имаат врска со семејното насилство, соопшти денеска СВР Тетово“.

Семејното насилство и киднапирањето се две сосема различни нешта, за кои кривично се постапува различно. Семејното насилство, колку и да е вообичаено во едно одредено место, не го прави тоа место опасно за сите граѓани.

Темата не е третирана на соодветен начин, бидејќи насловот не се совпаѓа со тоа што се дава како информација, додека понудените податоци се делови кои не се поврзуваат, немаат смисла и не може да се сметаат за сигурни информации. Гледајќи еден ваков текст, кој може да поверува дека станува збор за ненамерна грешка?

Извори на делови од веста:

„Лајмпрес“: Гостивар во шок, киднапирани две деца

„Флака инфo“: Гостивар, регистрирани 29 кривични дела „семејно насилство“ – Флака

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести