verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарските стандарди не се луксуз, туку обврска

on 16 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #246 - 'Luksi i tepruar i Zaevit, pishinë në dhomën e ditës dhe automobila të shtrejtë!' - www_zhurnal_mk_content__id=16641253

 

Напис: Претераниот луксуз на Заев, базен во дневната соба и скапи автомобили!

Струмица, 4 јуни – Фотографиите што сега ги прикажуваме се од семејството на Зоран Заев што се поставени на „Инстаграм“ токму од неговата ќерка, која изгледа ужива статус на едно разгалено дете до тој степен што не секое дете може да го има, а од фотографиите можеме да видиме и дека тие живеат еден мултимилионерски живот, известува „Нетпрес“, пренесува „Журнал“.

Вилата во која живеат во Струмица има базен во спалната соба, скап мебел и многу луксузни автомобили. Но, овој луксуз го има целото пошироко семејство на Заев, кои возат коли од „порше“ до „бмв“ и живеат во многу скапи вили и апартмани, пренесува понатаму „Журнал“.

 

[Рецензија: Претераниот луксуз на Заев, базен во дневната соба и скапи автомобили!]

Практиката на позајмување текстови од порталите на македонски јазик блиски до власта и нивен превод само колку да се пополнат интернет-страните, не е добра за новинарството. Само го прави евтино. Кога веста не е вест, цената и вредноста на новинарството паѓа. И за таа да биде таква, треба да се придржува до стандардите на информативното новинарство, кои за медиумите не се луксуз, туку обврска.

Luksi i tepruar i Zaevit pishinë në dhomën e ditës dhe automobila të shtrejtëЛинк до оригиналниот напис: Претераниот луксуз на Заев, базен во дневната соба и скапи автомобили!

Датум и време на објавување: 04.06.2016,  12:53

Датум на рецензирање: 08.06.2016

Рецензент: Ферикан Илјази

Авторот зел како основа само неколку фотографии на социјалната мрежа „Инстаграм“ како доказ за наводно вртоглавиот имот на лидерот на опозицијата Зоран Заев. Ниту се обидел да побара службени регистри за неговиот имот, ниту побарал став од Заев, ниту, пак, побарал став од Државната комисија за спречување на корупцијата. Видел само неколку фотографии и ја почнал веста со слаба креативност, полна со етикетирања и со коментари.

„Фотографиите што сега ги прикажуваме се од семејството на Зоран Заев што се поставени на „Инстаграм“ токму од неговата ќерка, која изгледа дека ужива статус на едно разгалено дете до тој степен што не секое дете може да го има, а од фотографиите можеме да видиме и дека тие живеат еден мултимилионерски живот, известува „Нетпрес“…“ 

Да претпоставиме дека овој факт има основа. Заев е многу богат, но треба да се земе предвид дека и пред да стане политички функционер, тој и неговото семејство биле богати и управувале големи бизниси. Тоа што е важно за јавниот интерес е дали некој дел од овој имот е стекнат преку злоупотреба на функцијата? За жал, содржината не навлегува воопшто во таква анализа, туку само прави еден попис и опис на имотот на ова семејство.

„Вилата во која живеат во Струмица има базен во спалната соба, скап мебел и многу луксузни автомобили. Но, овој луксуз го има целото пошироко семејство на Заев кои возат коли од „порше“ до „бмв“ и живеат во многу скапи вили и апартмани…“

Бидејќи станува збор за јавен функционер, легитимно е да се пишува доколку постојат сомнежи за злоупотреба на народните пари. Ова можело да се направи со што текстот би добил професионална боја, наместо ваквата содржина која е соодветна за рубриките за озборувања и за жолтиот печат. За содржината да има и тежина, не треба да се одбере пократкиот пат за да се дојде до поголем број на кликнувања.

Кодексот на новинарите на ЗНМ налага:

  • Новинарот треба да објави вистинити и потврдени информации и нема да прикрие суштински податоци или да фалсификува документи.

 

  • Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, ова треба да се напомене и да се објави.

 

  • Точноста на информацијата треба да се потврди колку што е можно.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

Ги искривува податоците

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести